Ракометниот клуб Металург со поддршка за кампањата „Шанса за живот“
Објавено во: Мои пари 11 Септември, 2014 18:56
Кампањата на ОКТА „Шанса за живот“, ја доби поддршката од ракометниот клуб Металург.
Металург ги повика своите поддржувачи и навивачи да донираат најмалку 100 денари за Интензивното одделение на Детската клиника и со тоа за возврат да добијат како подарок алка со логото на кампањата.
Добиената алка ќе биде влезница за саботниот натпревар меѓу тимовите на Металург и Раднички. За секој што ќе донира и со покажување на алката на влезната врата, влезот за следење на натпреварот ќе биде слободен. Исто така, пред Спортскиот центар Борис Трајковски три часа пред почетокот на натпреварот ќе бидат поставени два штанда каде ќе може да се донира и со тоа да се добие алка.
Се до саботниот натпревар за сите заинтересирани за донирање и за поддржување на Металург во овој важен натпревар, донациите може да се направат а со тоа да се добие и алка во Тренд Кафе лоциран во Сити Мол и на бензинската пумпа на ОКТА во Карпош 3.
„Шанса за живот“ е национална кампања на ОКТА за опремување на Интензивното одделение на Клиниката за детски болести. Целта на кампањата е да го намали бројотна смртност меѓу новороденчињата и да помогне оваа институција да понуди подобра и поефективна медицинска помош.
Со собраните средства ќе бидат набавени инкубатори, пулсометри, аспиратори, перфусори и друга неопходна опрема за ова одделение.
Можеби ќе ве интересира
Празници полни со топлина: dm донираше повеќе од 200 пакети со основни прехранбени намирници, дистрибуирани преку хуманитарната организација ,,Свети Спас“
Што открива зелениот плик и зошто е важно да го разберете
Пивара Скопје и РФМ потпишаа договор за спонзорство – 45 години партнерство и поддршка за македонскиот ракомет
Волшебно новогодишно одбројување во Дајмонд мол до крајот на декември
Гевгелија Мол ги отвори вратите – шопинг и забава под еден покрив
СЕТЕК РОДЕНДЕН во СИНО – блискост, радост и исполнети желби
Како да заштедите во сезоната на големи трошоци? Искористете ги бонус поените на Халкбанк
Gold Felicia Тетово – идеална дестинација за корпоративни празнични забави




