17 Декември, 2025
0.0443

Рама ги повика браќата Македонци и Албанци да го прифатат предлогот на Макрон

Објавено во: Македонија 30 Јуни, 2022 17:34

Добивај вести на Viber

„Браќа Македонци и Албанци, прифатете!“, вели албанскиот премиер Еди Рама за последниот француски предлог кој го даде францускиот претседател Емануел Макрон, со цел Македонија и Бугарија да дојдат до решение и старт на преговори за нашата земја. 

Рама на Твитер упати порака до македонските власти да го прифатат последниот француски предлог за решение со соседна Бугарија, со цел да се продолжи кон официјален почеток на преговорите на Македонија за членство во ЕУ.

„Последниот француски предлог, кој воедно е и конечен, и дава можност на Северна Македонија за безусловен пристап и го отвора патот за официјален почеток на преговорите за членство на двете земји во Европската Унија! Им велам на браќата Македонци и Албанци: Прифатете!“, напиша Рама.

Според шефот на државата, Стево Пендаровски модификуваниот француски предлог, кој пристигна во Скопје, е далеку подобар од претходниот. Но, тој нагласува дека треба да искомуницираат со граѓаните. 

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Љупчо Коцевски поднесе неотповиклива оставка

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Љупчо Коцевски поднесе неотповиклива оставка

СДСМ избра нови потпретседатели

СДСМ избра нови потпретседатели

Агелер: Без разлика дали има пристапни преговори патоказот постои, сакаме да видиме повеќе напредок на тој план

Агелер: Без разлика дали има пристапни преговори патоказот постои, сакаме да видиме повеќе напредок на тој план

МВР отвора шалтер за „Безбеден град“ - граѓаните ќе можат да ги ажурираат контакт-податоците

МВР отвора шалтер за „Безбеден град“ - граѓаните ќе можат да ги ажурираат контакт-податоците

Собранието ја изгласа потребата од носење на Предлог законот за Судски совет

Собранието ја изгласа потребата од носење на Предлог законот за Судски совет

ФОТО: Надградба наѕира на кровот на МНР

ФОТО: Надградба наѕира на кровот на МНР

Министерство за здравство ќе спроведе вонреден инспекциски надзор за смртта на новороденчето

Министерство за здравство ќе спроведе вонреден инспекциски надзор за смртта на новороденчето

Нема да има огномет од Град Скопје за Нова година?

Нема да има огномет од Град Скопје за Нова година?

Собранието го констатираше престанокот на функцијата на обвинителот Коцевски

Собранието го констатираше престанокот на функцијата на обвинителот Коцевски