22 Мај, 2024
0.0298

Рамчиловиќ го обвини Богдановиќ дека ги злоупотребувал парите на граѓаните, тој вели работел согласно закон

Објавено во: Македонија 21 Септември, 2017

Добивај вести на Viber

Зекир Рамчиловиќ, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ денеска обвини дека Саша Богдановиќ четири години по ред ги злоупотребувал парите на граѓаните на општина Центар и преку договори во четири очи склучувал милионски тендери.

Вели дека според јавно достапните информации преку електронскиот систем за јавни набавки, Богдановиќ од позиција на директор на Јавното претпријатие „Паркинзи на Општина Центар“, во период од четири години (2014, 2015, 2016 и 2017), склучувал договор за изнајмување систем за СМС-наплата, без претходно распишување оглас/ 

Богдановиќ без јавен оглас, со договор во четири очи, од парите на центарци кон „Виста груп“ во 2014 година префрлил 7.223.446 денари, во 2015 година, 7.740.177 денари, во 2016 година 7.740.177 денари, а во 2017 година 10.329.309 денари, при што за 4 години исплатил над 33 милиони денари, односно 530 илјади евра. Да, почитувани граѓани, 530 илјади евра од вашите пари без постапка на јавен оглас префрлил Саша Богдановиќ на приватна фирма. Богдановиќ наместо да се грижи за јавниот интерес, се погрижил да ѝ овозможи милионски профит на Виста груп“- додаде тој.

Рамчиловиќ вели дека ова е навистина огромен скандал и типичен пример за злоупотреба на парите на граѓаните. Ова е пример за неодговорно однесување. Граѓаните тоа го гледаат и ќе го казнат на претстојните локални избори на 15 октомври“.

Саша Богдановиќ од ЈП Паркинзи на Општина Центар вели дека пратеникот од коалицијата на ВМРО ДПМНЕ, Зекир Рамчиловиќ излезе со лажна изјава дека во период од 4 години, односно за 2014, 2015, 2016 и 2017 година, преку ЈП ПОЦ сум склучувал договор за изнајмување на систем за СМС наплата, без претходно распишување на јавен оглас. 

„Ве известувам дека целата содржина на текстот на пратеникот Рамчиловиќ е клеветничка и ги демантирам овие информации како неточни, бидејќи сите тендери во ЈП ПОЦ се спроведени согласно законите за јавни набавки. Сите постапки за јавни набавки во ЈП ПОЦ се согласно законските акти и партијата на ВМРО-ДПМНЕ сигурно ќе реагираше своевремено доколку имаше забелешки во овие единаесет години додека беше на власт. Сакам да ја информирам јавноста дека ЈП ПОЦ е самофинансирачко претпријатие и не зема пари од граѓаните како што тврди пратеникот во изјавата. Повеќе од јасна е намерата  на опозицијата што изјавува лаги пред локалните избори. Со тенденциозното нанесување на штета на мојот углед преку објавување на неточни информации, ВМРО-ДПМНЕ продолжува да ја манипулира јавностасо лажни вести“ - наведува Богдановиќ. 

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Палевски негира вина за убиствата на Вања и Панче

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Палевски негира вина за убиствата на Вања и Панче

СУДОТ ЌЕ МУ ДОДЕЛИ АДВОКАТ ПО СЛУЖБЕНА ДОЛЖНОСТ: Тројца адвокати го одбиле Палевски

СУДОТ ЌЕ МУ ДОДЕЛИ АДВОКАТ ПО СЛУЖБЕНА ДОЛЖНОСТ: Тројца адвокати го одбиле Палевски

(ВИДЕО) НЕВРЕМЕ: Град паѓаше во Липково

(ВИДЕО) НЕВРЕМЕ: Град паѓаше во Липково

ПЕТАР НИКОЛОВСКИ: Да се подаде рака на сите кои биле дел од СДСМ, бидејќи СДСМ не припаѓа на никого

ПЕТАР НИКОЛОВСКИ: Да се подаде рака на сите кои биле дел од СДСМ, бидејќи СДСМ не припаѓа на никого

ПРОМЕНИ НА НАСЕЛЕНИЕТО ВО ЕВРОПА: Македонија со „црн“ рекорд

ПРОМЕНИ НА НАСЕЛЕНИЕТО ВО ЕВРОПА: Македонија со „црн“ рекорд

ПАЛЕВСКИ ОСТАНУВА ВО ПРИТВОР УШТЕ 30 ДЕНА: Постои опасност од бегство, влијание врз сведоци или да го повтори делото

ПАЛЕВСКИ ОСТАНУВА ВО ПРИТВОР УШТЕ 30 ДЕНА: Постои опасност од бегство, влијание врз сведоци или да го повтори делото

ЗА ИЏЕТ МЕМЕТИ: Обвинителството бара мерки на претпазливост и одземање на пасошот

ЗА ИЏЕТ МЕМЕТИ: Обвинителството бара мерки на претпазливост и одземање на пасошот

ИЉАЗИ ЗА БЕЌАРОВСКИ: Времето на докторот од времето на друже Тито помина

ИЉАЗИ ЗА БЕЌАРОВСКИ: Времето на докторот од времето на друже Тито помина

ПАЛЕВСКИ: Не сум ги сторил убиствата, имам докази

ПАЛЕВСКИ: Не сум ги сторил убиствата, имам докази