17 Декември, 2025
0.0483

Рампата крената, Пешевски и Сарачини синоќа на Блаце

Објавено во: Економија 15 Септември, 2013 11:43

Добивај вести на Viber

Косово го укина ембаргото за македонски  производи, Македонија ја тргна влезната такса за косовските жители, а по нормализирањето на односите тргабнати се и блокадите од транспортерите кои 6 дена седеа на Јажинце и Блаце. Синоќа македонскиот вицепремиер Владимир Пешевски и министерот за економија Ваљон Сарачини заминаа на Блаце за да се уверат дека Косово ќе ја креме рампата. „Со ова завршуваат немилите процеси кои што беа во изминатите неколку дена помеѓу овие две држави, кои што настанаа како резултат на ембаргото на увоз прво на одредена група македонски производи, а потоа и целосна забрана за македонски производи од страна на Република Косово. Ние воведовме мерки кои што по автоматизам се укинуваат во оној момент кога и косовската Влада ќе ги укине“, изјави вицепремиерот Пешевски. И министерот за економија Сарачини истакна дека е задоволен од укинувањето на ембаргото. „Македoнија и Косово имаат одлична соработка која треба да се надоградува- особено во делот на економијата. Покажавме цврст став“, изјави Сарачини.

Можеби ќе ве интересира

Кончар потпиша договор со позната американска компанија

Кончар потпиша договор со позната американска компанија

Откриено што ја чека германската економија

Откриено што ја чека германската економија

ВАЛУТАТА ПОТОНА: Се тргуваат 1,3 милиони риали за еден американски долар

ВАЛУТАТА ПОТОНА: Се тргуваат 1,3 милиони риали за еден американски долар

Најскапиот град во светот за излегување е во Азија

Најскапиот град во светот за излегување е во Азија

Сијарто: Унгарија потпиша договор со САД за снабдување со течен природен гас

Сијарто: Унгарија потпиша договор со САД за снабдување со течен природен гас

Каде во Србија пензионерите најчесто купуваат недвижнини?

Каде во Србија пензионерите најчесто купуваат недвижнини?

Објавен e план за решавање на кризата со домувањето во Европа: Ќе бидат потребни два милиони станови годишно

Објавен e план за решавање на кризата со домувањето во Европа: Ќе бидат потребни два милиони станови годишно

Од 2027 година, ќе биде потребен дигитален пасош за облека за пазарот во ЕУ

Од 2027 година, ќе биде потребен дигитален пасош за облека за пазарот во ЕУ

Божиновска во Прага: македонскиот електроенергетски систем се усогласува со европските оперативни стандарди

Божиновска во Прага: македонскиот електроенергетски систем се усогласува со европските оперативни стандарди