Добивај вести на Viber
Косово од полноќ ги крева рампите за македонските производи. Известувањето дека завршува забраната за увоз на македонски производи во Косово од косовската министерка Кусари Лила го испрати до македонскиот министер, Ваљон Сарачини.
Косово ја донесе оваа одлука откако македонската влада од вечерва на полноќ ја укима мерката за условен увоз на брашно, за сите земји членки на Цефта. Ова всушнос беше наведено и како причина за Косово ненајавено, пред 10 дена да стави ембарго за влез на повеќе македонски производи. За да биде иронијата поголема, во Македонија се увезуваат едвај околу 3% косовско брашно, или станува збор за увоз на фодишно ниво тежок околу десетина илјади евра.
Сепак тоа не ги спречи косовските власти да стават ембарго, по што македонската Влада, еден ден подоцна реагираше со воведување влезни такси за косовските граѓани од 5 евра по автомобил и дополнителни 2 евра за секој патник. Тоа повторно ги налути косовските власти, па воведоа целосно ембарго за увоз на македонски производи на Косово. Кризата ја заокружија македонските транспотрери, кои по воведувањето на оваа мерка одлучија да ја блокитаат македонско косовската граница на Блаце и Јажинце, со оправдување дека тие се први на удар од мерките и контра мерките, па освен пеш, една седмица немаше друг начин за минување на границата.
Сепак, со вечерашиот допис и дефинитивно се става крај на трговската војна, а откако ќе профункционира повлечената забрана за увоз на македонски производи, по автоматизам престанува да важи и влезната такса за жителите од Косово во Македонија.
Македонија со Косово има трговски суфицит во размената. Според податоците од 2009 година до 2011 година трговската размена и извозот на Косово е во постојан пораст, додека во 2012 се забележува пад во трговската размена и извозот на македонските производи на косовскиот пазар. Падот во размената е очигледен и во првите седум месеци до годинава.
Лани вкупната трговска размена на Македонија со Косово изнесуваше 421 милион долари, од кои 392 милиони беа извоз, а само 29 милиони увоз. Годинава досега размената е 145 милиони долари, од кои 132 милиони извоз, а 14 милиони увоз. Во Косово извезуваме цемент, лекови, нафтените деривати, производи од челик и железо, цигари, пекарски производи, пијалаци, зеленчук и овошје. Од Косово увезуваме остатоци од челик, пластични плочи, битумен и асфалт и заварувачки цевки.
Штетите од последната криза допрва ќе се пресметуваат , коментираат економистите. Од здружението на на превозници Макам- транс пресметаа дека само за еден камион дневно се губат и по 200 евра.