24 Јануари, 2025
0.0284

Рамстор и Борка ве повикуваат: Сакаш ли и ти да помогнеш?

Објавено во: Мои пари 10 Ноември, 2014

Добивај вести на Viber

Рамстор Мол и здружението за борба против ракот Борка од утре  започнуваат голема хуманитарна кампања под слоганот: Сакаш ли и ти да помогнеш?, со цел зголемување на свесноста за ракот и превентивно и навремено делување.

Секој вторник во наредните три недели во трговскиот центар ќе се одржуваат работилници, предавања и хуманитарни акции кои ќе имаат за цел да ја запознаат подобро јавноста со ракот на дојка, рак на матка и ракот на тестиси. Во кампањата ќе бидат вклучени и маркетот во трговскиот центар, дел од брендовите кои се нудат во самиот маркет и продавниците во Рамстор Мол.

“ Во месец ноември заедно со здружението Борка подготвивме кампања со која сакаме во трговскиот центар да привлечеме што повеќе хумани луѓе кои покрај тоа што ќе донираат средства за здружението кое потоа ќе ги намени на оние лица на кои им е потребна голема помош, детално ќе се информираат и ке ја зголемат свесноста за ракот и како превентивно и навремено да делуваат”, велат претставници на Рамстор Мол.

Покрај информативните пултови и хуманитарните кампањи, секој вторник со почеток во 16 часот ќе се одржува и работилница која ќе биде водена од страна на Биба Додева, претседател на здружението Борка и стручно медицинско лице, на која посетителите ќе може да пристапат кон индивидуални и групни консултации и да ја следат демонстрацијата на самопрегледот на Фантом дојките кои ќе им овозможат на жените да научат како правилно да ги прегледуваат своите гради.

За оваа хуманитарна кампања, маркетот и продавниците во трговскиот центар, процент од продажбата ќе донираат на здружението Борка.

Можеби ќе ве интересира

ВАУЧЕРИ ОД 200 ЕВРА ЗА НАЈДОБРИТЕ РАБОТНИЦИ НА „SPORT LIFE“

ВАУЧЕРИ ОД 200 ЕВРА ЗА НАЈДОБРИТЕ РАБОТНИЦИ НА „SPORT LIFE“

Јавен повик за поднесување на понуди за извршување на работи на меѓународниот проект „Подобрување на проекти за енергетска ефикасност во јавни згради“

Јавен повик за поднесување на понуди за извршување на работи на меѓународниот проект „Подобрување на проекти за енергетска ефикасност во јавни згради“

КУМАНОВО СЛАВИ: ИГРАЧ ОСВОИ 6.030.167 ДЕНАРИ СО СУПЕР МИЛИОНЕР ЏЕКПОТ

КУМАНОВО СЛАВИ: ИГРАЧ ОСВОИ 6.030.167 ДЕНАРИ СО СУПЕР МИЛИОНЕР ЏЕКПОТ

Хрватска: Еден од најдобрите работодавачи во областа на туризмот бара лица кои би се вработиле во новото луксузно одморалиште

Хрватска: Еден од најдобрите работодавачи во областа на туризмот бара лица кои би се вработиле во новото луксузно одморалиште

ATS Group ги претстави своите иновации на SHOT Show 2025

ATS Group ги претстави своите иновации на SHOT Show 2025

Телеком со проект за паметно осветлување во општина Велес, кој ќе обезбеди заштеди на енергија и заштита на животната средина

Телеком со проект за паметно осветлување во општина Велес, кој ќе обезбеди заштеди на енергија и заштита на животната средина

Заштедете и набавете го својот уред по специјална цена денес

Заштедете и набавете го својот уред по специјална цена денес

Како да заштедите пари и да ги планирате личните финансии

Како да заштедите пари и да ги планирате личните финансии

Samsung Galaxy S25 Ultra го претставува Corning® Gorilla® Armor 2 – првото анти-рефлексно стаклено-керамичко решение во индустријата за мобилни уреди

Samsung Galaxy S25 Ultra го претставува Corning® Gorilla® Armor 2 – првото анти-рефлексно стаклено-керамичко решение во индустријата за мобилни уреди