16 Мај, 2025
0.0318

„РАСЧИСТУВАМЕ СО ОПОРТУНИСТИЧКИОТ ЏГАН ВО НАШИТЕ РЕДОВИ, НЕМА НИКАКОВ ‚РАСКОЛ' ВО ЛЕВИЦА“ - се огласи партијата на Апасиев

Објавено во: Македонија 01 Март, 2024 10:37

Добивај вести на Viber

По информациите за Левица околу несогласувања со дел од членовите, се огласи и самата партија преку социјалната мрежа Фејсбук. 

„Ја информираме јавноста дека Левица го суспендира и исклучи од членство претседателот на Советот на Општина Карпош – Бранко Ристов; неговата партнерка Живанка Морис – поранешна координаторка на Левица-Дијаспора и советникот во Општина Аеродром – Дарко Масларковски (а.к.а. Пука Козметика).

Дисциплинската одлука е донесена заради превенирање на обидите за роварење на надворешни структури поддржани и координирани од ДПМНЕ да го саботираат процесот на собирање потписи и да нанесат предизборна штета на Партијата, преку таргетирање и контаминирање на идентификувани слаби карики помеѓу членовите.

Напоменуваме дека секој воочен внатрешен обид на непринципиелно и клиентелистичко делување, манипулирање, ширење дефетизам и шурување со одредени центри на моќ – било од обични членови или, пак, од раководни функционери на Левица ќе биде јакобински сосечен во корен! Неспособните кадри, кои се покажаа недостојни на задачата, ќе бидат заменети со нови, вредни, искрени и лојални работници. Тројца расипани си одат, триста чесни доаѓаат!

Во деновите кога испишуваме Историја со собирањето потписи за првиот наш претседателски кандидат, Левица е непоколеблива во својата борба против корумпираниот систем на политичката и бизнис олигархија и нема да толерира отстапување од партискиот курс на неподмитливоста поради ничии лични амбиции, хирови и карактерни маани!

Автентичниот раст и масовната народна поддршка на Левица ги плаши буржујските квислиншки партии СДС и ДПМНЕ, поради што не бираат средства за напади кон нас. Ова е познато и веќе видено сценарио во секој изборен циклус досега, на што сме навикнати – па затоа и овојпат истото ќе биде навремено пресретнато од искусното партиско раководство, кое има целосна доверба и контрола во Партијата.

Затоа, нема да дозволиме изневерување на тешко стекнатата доверба од народот – и бараме оставка на Ристов и Масларковски од функциите кои ги узурпираат во општинските совети и враќање на нивните советнички мандати во рамките на легитимитетот кој ѝ е доверен на нашата советничка листа.


Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Maкедонија договори стратешко партнерство со Велика Британија - најавени инвестиции од шест милијарди евра

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Maкедонија договори стратешко партнерство со Велика Британија - најавени инвестиции од шест милијарди евра

БРИТАНЦИТЕ ОБЈАВИЈА СООПШТЕНИЕ: Лидерите разговарале за договорот на Северна Македонија за приклучување кон Заедничката работна група за миграција

БРИТАНЦИТЕ ОБЈАВИЈА СООПШТЕНИЕ: Лидерите разговарале за договорот на Северна Македонија за приклучување кон Заедничката работна група за миграција

Синот на Ѓорѓија Сајковски е матурант: Му посака успех и да се бори со новите предвизици

Синот на Ѓорѓија Сајковски е матурант: Му посака успех и да се бори со новите предвизици

ДАВИТКОВСКИ ЗА СУДСКИОТ ПРОЦЕС ЗА ПОЖАРОТ ВО КОЧАНИ: Aко не се подели, мислам со 50-60 обвинети тоа ми личи на змиско око

ДАВИТКОВСКИ ЗА СУДСКИОТ ПРОЦЕС ЗА ПОЖАРОТ ВО КОЧАНИ: Aко не се подели, мислам со 50-60 обвинети тоа ми личи на змиско око

ТУФЕГЏИЌ: Снимката со лопата исклучува било каква поврзаност на таткото Александар Ѓорчевски со грабнувањето

ТУФЕГЏИЌ: Снимката со лопата исклучува било каква поврзаност на таткото Александар Ѓорчевски со грабнувањето

(ВИДЕО) MИЦКОСКИ: Постигната согласност за договор за стратешко партнерство со Обединетото Кралство

(ВИДЕО) MИЦКОСКИ: Постигната согласност за договор за стратешко партнерство со Обединетото Кралство

„КОЈ Е СЛЕДЕН“ НАПРАВИ ГЕРИЛА АКЦИЈА: Пред ОЈО Скопје поставија платно со имињата на загинатите во пожарот и другите трагедии

„КОЈ Е СЛЕДЕН“ НАПРАВИ ГЕРИЛА АКЦИЈА: Пред ОЈО Скопје поставија платно со имињата на загинатите во пожарот и другите трагедии

НОВО ПОГЛАВЈЕ ВО ОДНОСИТЕ: Македонија ќе потпише стратешко партнерство со Обединетото Кралство

НОВО ПОГЛАВЈЕ ВО ОДНОСИТЕ: Македонија ќе потпише стратешко партнерство со Обединетото Кралство

ОРЦЕ СЕ ПОФАЛИ: Приходите на Кисела Вода се повеќе од два пати зголемени во последните две години

ОРЦЕ СЕ ПОФАЛИ: Приходите на Кисела Вода се повеќе од два пати зголемени во последните две години