Расфрлани делови од тела, семејствата на местото на хоророт!
Објавено во: Свет 27 Март, 2015 20:06
Хуан Падро од Сант Кугат дел валес, местото недалеку од Барселона, ја изгуби својата поранешна жена, ќерка и внука во страшната несреќа на Ербасот А 320. Од истото место на тој кобен лет загинаа уште три лица.
Не можеме да направиме баш ништо што би го променил фактот дека ги изгубивме најсаканите. Ништо што е речено не може да ја ублажи нашата тага. На мене ми е сеедно, дали била несреќа или било што . Не сакам тоа да го знам, не ме интересира.
Господинот Падро изразил благодарност на францускиот обвинител кој ја надгледувал оваа операција затоа што веднаш им пружил увид во сите информации, брзо и транспарентно.
„Би сакал да останам позитивен, и од се што се случило сепак како конечен заклучок да изнесам дека луѓето се многу добри“.
Американецот Роберт Оливер Калво исто така беше на летот 4U9525, но неговиот татко не го мрази пилотот кој ги одведе во смрт, туку само ги жали родителите на Лубиц.
Неговиот татко Роберт Тансил Оливер и мајка Марибел Калво не планираат да ја тужат германската нискобуџетна авиокомпанија, иако тоа би им осигурало паричен надомест.
Наместо калукулирања и размислувања за отштетата на која имаат право, тие изразуваат сочуство до родителите на Андреас Лубиц, кој им го убил синот.
Господинот Тансил рекол: „Не, не сум лут. Навистина ми е жал за родителите на тој копилот. Можам само да замислам низ каков пекол тие сега минуваат. И тие, баш како и сите ние тука, сега очајнички тагуваат и плачат“.
Секако дека ни е жал поради несреќата и она што се случило. Не обвинуваме, како тоа би се протолкувало библиски, лути сме на тоа како светот функционира“.
Речиси сите родители на жртвите од кобниот лет на „ Germanwings“ велат дека не се лути ниту огорчени на копилотот кој го урна авионот во Алпите и ги однесе со себе во смрт сите 150 патници.
Само неколкумина од нив посакаа Бог да му суди на Андреас Лубиц.
Страшна глетка: на местото на несреќата пронајдени 400 до 600 остатоци од човечки тела
Помеѓу 400 и 600 делови на остатоци од човечки тела се пронајдени на местото на несреќата. Таа проценка ја пренесе агенцијата Асошиејтед прес повикувајќи се на изјавата на француската полиција.
Ниту едно тело не е пронајдено целосно, велат извори од полицијата.
Можеби ќе ве интересира
Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва
Европска земја ќе произведува десетици илјади дронови годишно за Украина
Ова ја вознемири Русија: Ги прашувал учениците за националноста, па ги избодел
Австралискиот премиер го посети во болница херојот на Бонди: Ахмед ал-Ахмед e „најдоброто од нашата земја“
САД даваат безбедносни гаранции за Украина, но нема договор за територијални отстапки
Украина добива гаранции од САД слични на Член 5 од НАТО?
(ВИДЕО) Мароко брои жртви, по седум години суша се борат со поплави




