17 Декември, 2025
0.0661

Распука патот кај Делчево, сообраќајот пренасочен

Објавено во: Македонија 10 Јуни, 2023 08:21

Добивај вести на Viber

На магистралата А3 на патниот правец Делчево - Македонска Каменица - Кочани се појавија пукнатини по невремето во четвртокот навечер.Поради тоа, сообраќајот кон Делчево се пренасочува преку патниот правец Берово - Смојмирово - Виница.

Причината е поради пропаѓање на патот кај месноста Црквенска Река близу Делчево. Претходно на проблематичното место е поставена сообраќајна сигнализација. 

Информацијата ја соопштија од АМСМ, а ја потврдија од подружницата на „Македонија Пат“, од каде велат дека  забраната за движење на патниот правец од Делчево кон Македонска Каменица и Кочани е за сите возила.

-Иако некаде до 20 часот можеше да се користи и алтернативниот патен правец преку селата Киселица и Полето, сепак поради нестабилниот терен решивме да воведеме целосна забрана за сообраќај за сите видови возила на магистралата А3, Делчево - Македонска Каменица - Кочани. Сообраќајот во моментот се одвива преку алтернативниот патен правец Делчево - Берово - Смојмирово - Виница, истакна синоќа Влатко Цоневски од подружницата на „Македонија Пат“.


Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Љупчо Коцевски поднесе неотповиклива оставка

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Љупчо Коцевски поднесе неотповиклива оставка

СДСМ избра нови потпретседатели

СДСМ избра нови потпретседатели

Агелер: Без разлика дали има пристапни преговори патоказот постои, сакаме да видиме повеќе напредок на тој план

Агелер: Без разлика дали има пристапни преговори патоказот постои, сакаме да видиме повеќе напредок на тој план

МВР отвора шалтер за „Безбеден град“ - граѓаните ќе можат да ги ажурираат контакт-податоците

МВР отвора шалтер за „Безбеден град“ - граѓаните ќе можат да ги ажурираат контакт-податоците

Собранието ја изгласа потребата од носење на Предлог законот за Судски совет

Собранието ја изгласа потребата од носење на Предлог законот за Судски совет

ФОТО: Надградба наѕира на кровот на МНР

ФОТО: Надградба наѕира на кровот на МНР

Министерство за здравство ќе спроведе вонреден инспекциски надзор за смртта на новороденчето

Министерство за здравство ќе спроведе вонреден инспекциски надзор за смртта на новороденчето

Нема да има огномет од Град Скопје за Нова година?

Нема да има огномет од Град Скопје за Нова година?

Собранието го констатираше престанокот на функцијата на обвинителот Коцевски

Собранието го констатираше престанокот на функцијата на обвинителот Коцевски