Раст на прометот на индустријата на странските пазари
Објавено во: Економија 16 Септември, 2013 14:31
Прометот во индустријата во јули годинава во однос на јули лани бележи пораст од 6,7 проценти. На домашниот пазар има опаѓање од 8,8 проценти, а на странските пазари пораст од 15,6 проценти, објави Државниот завод за статистика.
Гледано по сектори, прометот во Рударство и вадење камен бележи пораст од 4,7 отсто, а во секторот Преработувачка индустрија пораст од 6,8 отсто.
Според главните индустриски групи, прометот бележи пораст кај Енергијата за 315,1 отсто и Капитални производи за 119 отсто, додека опаѓање има кај Интермедијарни производи, освен енергија за 0,1 отсто, Нетрајни производи за широка потрошувачка за 15,8 отсто и Трајни производи за широка потрошувачка за 15,8 отсто.
Во однос на јуни индустријата бележи пораст од 4,5 отсто, додека во периодот јануари-јули 2013 година, во однос на истиот период лани за 6,9 отсто.
Можеби ќе ве интересира
Кончар потпиша договор со позната американска компанија
ВАЛУТАТА ПОТОНА: Се тргуваат 1,3 милиони риали за еден американски долар
Најскапиот град во светот за излегување е во Азија
Сијарто: Унгарија потпиша договор со САД за снабдување со течен природен гас
Каде во Србија пензионерите најчесто купуваат недвижнини?
Објавен e план за решавање на кризата со домувањето во Европа: Ќе бидат потребни два милиони станови годишно
Од 2027 година, ќе биде потребен дигитален пасош за облека за пазарот во ЕУ
Божиновска во Прага: македонскиот електроенергетски систем се усогласува со европските оперативни стандарди




