Вчера во Скопје двојно повеќе возачи возеле побрзо од дозволеното од завчера
Објавено во: Македонија 16 Мај, 2018 10:46
Продолжуваат полициските акции на терен, а продолжуваат и непочитувањата на сообраќајните правила кај возачите.
Вчера МВР санкционирале 87 возачи поради движење со брзина поголема од дозволената додека завчера таа бројка изнесуваше 47.
МВР регистрирала 11 сообраќајни незгоди од кои една со тешки телесни повреди, пет со телесни повреди и пет со материјална штета во текот на вчерашниот ден.
Од сообраќај пак исклучени се и 16 возачи. Осуммина го управувале возилото пред да се стекнат со право за управување на моторно возило, четворица го управувале возилото под дејство на алкохол и четворица биле возачи почетници.
21 возило се исклучени од сообраќај бидејќи 13 биле нерегистрирани, шест технички неисправни и две со претовар. Двајца возачи се санкционирани бидејќи поминале крстосница на црвено светло, двајца не дале првенство на минување на пешаци, петмина неправилно се престроиле, еден неправилно престигнувал и седум не користеле заштитен шлем.
Во однос на пешаците, санкционирани се 17 пешаци кои поминале коловоз надвор од пешачки премин и 33 кои поминале на црвено светло. Во текот на изминатиот ден издадени се 84 мандатни платни налози, додека, исто така, 68 возила се подигнати со "Пајак".
И покрај санкциите констатираме дека нивото на сообраќајна култура е уште на ниско ниво.
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Министерката за финансии негира затворање на Трезорот
Нема да се издаваат изводи, венчаници и други потврди - ќе има штрајк во Управата за водење на матични книги
Овој град од соседството е гастрономски рај со евтини цени: Еве каде Македонците јадат како локалци, а плаќаат помалку
Од фирма од Битола до невладина од Скопје: кој стои зад „Зимзоленд“
Апелација ја зголеми казната затвор за Васил Јованов на 13 години
Кривичен суд: Kaтица Јанева осум месеци на условен отпуст
Пријава против поранешниот градоначалник на Демир Капија за контаминирање вода за пиење




