21 Декември, 2024
0.0944

Разговор со Сатја Грабулоски, креативниот ум позади новиот Red Bull Half Court терен во Влае

Објавено во: Мои пари 10 Октомври, 2024

Добивај вести на Viber

Додека тимот Butel 3x3 се подготвува за настап на Светското финале на турнирот Red Bull Half Court во Њујорк, седнавме да поразговараме со Сатја Грабулоски, уметнички креатор на новиот дизајн на баскет теренот во Влае, местото каде се случи второто издание на Red Bull Half Court. 

Сатја Грабулоски е главниот ум и креатор на новиот изглед на легендарниот баскет терен во Влае и човек кој остави траен спортски, уметнички и културен белег на македонската баскет сцена.

Мотивирани од ова прекрасно парче уметност, решивме да му поставиме неколку прашања на Сатја Грабулоски за инспирацијата, мотивацијата и идејата позади неговиот лик и дело.

Здраво Сатја, како си? Поминаа неколку месеци од официјалното отворање на редизајнираниот баскет терен во Влае каде беше организиран Red Bull Half Court турнирот. Како го доживуваш истиот сега веќе вака добро разгазен? Какви чувства буди во тебе?

Сатја: Супер сум, благодарам на прашањето! Турнирот - како да беше вчера! Она што посебно ме радува, покрај извонредно успешниот Red Bull Half Court турнир, е фактот дека теренот сѐ уште е во одлична кондиција! 

Како прв од овој тип во државата, преовладуваше дилемата околу тоа како општеството/маалото ќе го прифати...но, уште еднаш, Скопје покажа дека знае да чува и цени!

Бидејќи уличната кошарка е повеќе од само обична кошарка, туку се работи за спој и симбиоза од повеќе нешта, како уметност, музика, мода, животен стил и друго, како Сатја Грабулоски е поврзан со истата? Што за тебе претставува уличната уметност како дел од уличната кошарка?

Сатја: Уличната уметност & уличната кошарка морфираат уште од средината на 70-тите, за да се случи креативна експлозија во 90-тите во Америка и летот кон мејнстримот на street & hoops културата. 

Една цела плеада кошаркарски генијалци во 90тите, благодарение на миксот на баскетот, модата, музиката, поп-културата, помогнаа во изградба на креативни стандарди на една цела генерација - онаа, мојата. :) 

Имајќи на ум дека од мали нозе сум со баскетот во раце, заедно сите работи кои следуваат со тоа (од навиен часовник за гледање НБА во зори, до лепење постери од списанието “SLAM” по ѕидовите во соба) овој терен беше повеќе од “уште еден проект” за мене.

Од каде инспирација за цртање ака дизајнирање на баскет терен? Како се роди повеќеслојната уметничка приказна која моментално “живее” на легендарниот терен во Влае?

Сатја: Цртаните терени не се новост, но земаат замав благодарение на Red Bull Half Court, турнир кој минувајќи низ огромен број терени низ светот, соработува со локални артисти во (ре)креирањето на истите, класифицирани како уметнички дела.

Најголем предизвик за мене во случајот беше - како да создадеме 400 квадратни метри уметност кој ќе има естетска вредност и за 2, 3, 5, 10 години? 

Тргнувајќи од идејата за негова визуелна “трајност”, дизајнот е поставен на неколку генерални естетски параметри - го поврзува естетското наследство на семејството Грабул со бруталистичката архитектура на Скопје, како и неговата локална улична уметност во микс со убавината на македонското изгрејсонце.Огромна благодарност до Red Bull Македонија што одвоија средства, експертиза и имаа визија да остават траен белег на градот. Верувам дека ова е најголемиот естетски подарок што Скопје го добил во изминативе 20тина години.

Како течеше процесот на креирањето на дизајнот во Влае? Кои беа најголемите предизвици и зошто? Дали ова ти е прв проект од овој тип? Ако би требал да го рангираш, на кое место би бил во твојата листа на ТОП проекти?

Сатја: Технички, најголемиот предизвик беше фактот што во Македонија никој не реализирал проект со ваква комплексност и од оваа магнитуда. Дизајнерскиот дел беше прв од овој тип, но заедно со С тимот го сработивме со огромна пасија. Беше ултра забавно - од 10тина дизајн насоки, изборот падна на оваа, и мислам дека не погрешивме!

Но, вистински предизвик беше практичната изведба - целиот процес траеше 7 дена и 56 работни часови, а на него работеше тим од пет луѓе. Не можам да искажам доволна благодарност до Аце и неговите соработници - тоа се луѓето кои го пренесоа дизајнот од хартија на асфалт и воедно, ме ”трпеа”  со сите мои корекции.

Како за крај, навистина би сакале да бидеме сведоци на голем број нови, свежи и креативни уметнички дела на локални артисти на спортските терени ширум државата. 

За повеќе информации следете ја официјалната страна на Red Bull Македонија и Instagram профилот на Swithadot Studios.

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

КАРДИОЛОШКИОТ ТИМ НА „АЏИБАДЕМ СИСТИНА“ ИЗВЕДЕ ПЕТ УСПЕШНИ TAVI – ПРОЦЕДУРИ ВО ЕДЕН ДЕН

КАРДИОЛОШКИОТ ТИМ НА „АЏИБАДЕМ СИСТИНА“ ИЗВЕДЕ ПЕТ УСПЕШНИ TAVI – ПРОЦЕДУРИ ВО ЕДЕН ДЕН

КАРАВАНОТ „ЗИМСКА НОВОГОДИШНА БАЈКА“ НА ДРЖАВНА ЛОТАРИЈА ШИРИ МАГИЈА НИЗ СКОПЈЕ

КАРАВАНОТ „ЗИМСКА НОВОГОДИШНА БАЈКА“ НА ДРЖАВНА ЛОТАРИЈА ШИРИ МАГИЈА НИЗ СКОПЈЕ

„Grand View“ – Живот на река по поволни банкарски услови за станбен кредит

„Grand View“ – Живот на река по поволни банкарски услови за станбен кредит

Тинекс и Mastercard со заедничка кеш-бек кампања

Тинекс и Mastercard со заедничка кеш-бек кампања

ТАВ Аеродроми донираше топли оброци на Пунктот за бездомници Момин Поток во духот на празничното дарување

ТАВ Аеродроми донираше топли оброци на Пунктот за бездомници Момин Поток во духот на празничното дарување

Samsung претстави нови фрижидери со иновативна AI технологија за хибридно ладење на CES 2025

Samsung претстави нови фрижидери со иновативна AI технологија за хибридно ладење на CES 2025

Започна пријавувањето за уличната трка HalkEco Скопје Трча 10КМ

Започна пријавувањето за уличната трка HalkEco Скопје Трча 10КМ

Подготвени за новата дигитална иднина преку воведување на иновативни услуги на пазарот

Подготвени за новата дигитална иднина преку воведување на иновативни услуги на пазарот

Кожувчанка донира 8,5 тони вода на Клиничкиот центар во Скопје

Кожувчанка донира 8,5 тони вода на Клиничкиот центар во Скопје