Разговорите на Заев и Гаши продолжуваат идната недела
Објавено во: Македонија 19 Ноември, 2021
Премиерот Зоран Заев попладнево изјави дека разговорите со Алтернатива продожуваат идната недела.
Заев вели дека одлуките се носат на органите и телата на партијата. Тој денеска се сретна со лидерот на Алтернатива, Африм Гаши.
„Се отворија неколку проблематики, затоа останува за време на викендот, да размислиме“, рече Заев.
Премиерот вели дека не е време за избори, и дека е чесно да се остават 2 и пол години да се работи. Заев рече дека сите треба да мислиме на европската иднина на Македонија.
Гаши рече дека сакале да го видат концептот на Заев, и кои би биле следните чекори во евроинтеграцијата. Тој кажа дека внатре во партијата ќе разговараат што понатаму. Ќе водат сметка за интересот на граѓаните, државата, Албанците, и за партијата.
„Јас сум убеден дека ќе ја донесеме најдобрата одлука за граѓаните, државата, за нас“, изјави Гаши.
Вели дека тие сакаат да видат каде ќе биде Алтернатива во мнозинството, која ќе биде улогата, дали ќе можат да помогнат во евроинтеграциите.