Добивај вести на Viber
Битка за директорско место се водеше утринава во скопското училиште 11 Октомври.
Разрешената директорка не ја напушта функцијата и не му го отстапува директорското место на новиот директор.
Целиот скандал изби уште на почетокот на учебната година кога во училиштето беа затруени стотина ученици а тогашната директорска Даниела Костадиновска беше разрешена од фукнцијата.
За нејзин наследник е поставен Васко Лазаревски.
Костадиновска се брани дека била разрешена од Општина Центар на незаконски начин и дека до ДК за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен упатила жалба која и била уважена.
Лазаревски пак вели дека тој управува со училиштето, а дека Костадиновска седи во канцеларијата на секретарката со полициска заштита.
Целиот скандал кулминираше кога група револтирани родители упаднале во канцеларијата каде се наоѓала екс директорката и побарале од неа да си оди бидејќи не е веќе легитимен директор, и дека две години наназад не дозволувала училиштето да функционира нормално.
Родителите упатија обвинувања до директорката и порачаа да фати дека тоа не е политичка институција каде се слушаат партиски одлуки туку дека на нив им е најважен интересот на децата.