20 Април, 2024
0.0274

Разрешувањето на директорот на Еурокомпозит ги смири штрајковите

Објавено во: Македонија 24 Април, 2018

Добивај вести на Viber

Откако Александар Кузески повеќе не е директор на прилепски Еурокомпозит, вработените привремено ги ставија штрајковите и протестите во мирување, но нивните рокови кои се поставени за владата да им ги исполни барањата за исплата на преостанатите плати и обврски се многу кратки, што значи дека и со нова управа сосема се можни нови блокади.

Во петокот попладнето управниот одбор на „Еурокомпозит“ го назначил Гоце Јагуриноски за нов в.д. генерален директор кој ќе биде на оваа позиција се до наредното акционерско собрание кое е закажано за околу еден месец. Вработените го ставија штрајкот во мирување се до четврток за кога им било ветено дека ќе добијат плата.

Синдикалната организација поднесе и кривична пријава против Кузески, кадар на СДСМ, за повреда на правата од работен однос со авансната исплата на вработените, како и за наводни злоупотреби на патните трошоци за негово патување од Охрид до Прилеп. Исто така кривична пријава беше поднесена и против Тони Дукоски од Охрид управител на „Композитна опрема“ за префрлање на дел од средствата наменети за авансната плата на сметка на фирма од охридско која тој ја основал.

„Со ова второсомничениот со помош на првосомничениот ги злоупотребиле исплатените аванси од Владата, 16 милиони денари, и наместо да набавуваат материјали потребни за работа директно со продавачите, тие средствата ги уплатуваат на приватната фирма на второосомничениот“. Во пријавата пишува дека на 12 октомври 2017 година на фирмата „Ројал логистик“ биле исплатени 480.496 денари, а на 25 декември дополнителни 4.504.497 денри.

Новиот в.д. директор Јагуриноски посочи дека ако вработените не ги добијат ветените финансиски средства ќе си поднесе оставка. 

Проблемите на Еурокомпозите со мали поместувања траат со месеци, и речиси и да нема никакви подобрувања ниту со промената на власта која само наоѓаше краткорочни решенија како да ги врати работниците од штрајковите, но не и целосно да најде солуција за загубарот од наменската индустрија кој не склучува нови договори за производство на оружје и муниција. 

„Бидејќи ќе се намалат вработените како технолошки вишок предлагам да бидеме под едно од министерствата како нивен сервис или да произведуваат за самите министерства“, смета Јагуриноски.

Од синдикатот најавија дека доколку до четврток не добијат плата повторно ќе го блокираат патот Прилеп – Скопје.


Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски повика на обединување, Апасиев е контра

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски повика на обединување, Апасиев е контра

ДКСК го усвои приговорот на Силјановска Давкова за прекршувањето на изборниот законик од страна на Академијата за судии и обвинители

ДКСК го усвои приговорот на Силјановска Давкова за прекршувањето на изборниот законик од страна на Академијата за судии и обвинители

БОШЊАЦИТЕ МУ ПОДНЕСОА КРИВИЧНА НА СТОИЉКОВИЌ: Велат го исмевал и негирал геноцидот во Сребреница

БОШЊАЦИТЕ МУ ПОДНЕСОА КРИВИЧНА НА СТОИЉКОВИЌ: Велат го исмевал и негирал геноцидот во Сребреница

ОСМАНИ ОСТАНУВА НА СВОЈОТ СТАВ: Владата ќе одлучи за иднината на Отворен Балкан

ОСМАНИ ОСТАНУВА НА СВОЈОТ СТАВ: Владата ќе одлучи за иднината на Отворен Балкан

ГРЕШКА СО ЗНАМИЊАТА: Македонската армија се заблагодари на Норвешка со знамето на Исланд

ГРЕШКА СО ЗНАМИЊАТА: Македонската армија се заблагодари на Норвешка со знамето на Исланд

АПАСИЕВ ЗА ИЗЈАВАТА НА МИЦКОСКИ: Не верувај им на ДПМНЕјците, дури и кога ти носат подароци

АПАСИЕВ ЗА ИЗЈАВАТА НА МИЦКОСКИ: Не верувај им на ДПМНЕјците, дури и кога ти носат подароци

Директорот на „Стрежево“ купил 4,5 пати поскап ратрак на старо

Директорот на „Стрежево“ купил 4,5 пати поскап ратрак на старо

ДАВКОВА ИЛИ ПЕНДАРОВСКИ, ТАРАВАРИ ИЛИ ОСМАНИ, ВМРО-ДПМНЕ ИЛИ СДСМ - еве кој води на најновата анкета на ЦРПЦ

ДАВКОВА ИЛИ ПЕНДАРОВСКИ, ТАРАВАРИ ИЛИ ОСМАНИ, ВМРО-ДПМНЕ ИЛИ СДСМ - еве кој води на најновата анкета на ЦРПЦ

Боки 13: Да се расчисти случајот „Рекет“ и да се каже каде се парите

Боки 13: Да се расчисти случајот „Рекет“ и да се каже каде се парите