17 Декември, 2025
0.0704

Реагираше МНР: Формиран Кризен центар за помош на македонските граѓани во Ирак!

Објавено во: Свет 13 Јуни, 2014 19:21

Добивај вести на Viber

Министерството за надворешни работи соопшти дека ја следи безбедносната ситуацијата во Ирак, која е сериозно влошена во последните дваесет и четири часа. „По превземањето на вториот најголем град во Ирак, Мосул, офанзивата на сунитската џихадистичка група Исламска држава во Ирак и Левант (ИСИЛ) продолжува кон Багдад. Препорачуваме македонските државјани да се воздржат од патувања во Ирак, а оние кои веќе се наоѓаат во засегнатите подрачја да ги испитаат можностите за навремено напуштање на земјата“, соопштуваат од МНР. За оваа намена, формиран е Кризен центар кој ќе им стои на располагање на сите македонски граѓани во Ирак. Бројот на Центарот: +389 2 323 3865 Мобилните телефони за дежурство се: 071 253426 и 075 230747 Електронска пошта: krizen.centar@mfa.gov.mk Контактирани се и други држави кои имаат свои претставништва во Багдад и разгледани се можности за соработка при заштита на граѓаните кои се на времен престој во Ирак. За сега нема информации за македонкски државјани кои се соочуваат со опасност во Ирак. Неколкумина српски инженери од институтот „Кирило Савиќ“ се огласија во српските медиуми дека се заробени на 30-тина километри од Багдад, без пари или каква и да е помош од нивната држава. Инженерот Воислав Ќириќ, во изјава за српски „Курир“ вели дека тој и неговите колеги се практично препуштени сами на себе без средства, бидејќи Институтот им должи плати од јануари. А сега гледаат само како да извлечат жива глава од Ирак. „Страшно е! Ни се јавија од амбасадата и не знаат како да ни помогнат, бидејќи Багдад е целосно блокиран. Ни рекоа да се обидеме да стигнеме некако до амбасадата. Но овде е војна во полн ек, па тоа е невозможно. Сосема сме без пари, заработените пари не ги добивме, па немамо доволно ниту за да се јавиме по телефон. Не знам како ќе се извлечеме“, рекол Ќириќ. Б.А.

Можеби ќе ве интересира

Лавров: Америка ни вети украинска територија

Лавров: Америка ни вети украинска територија

Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва

Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва

Европска земја ќе произведува десетици илјади дронови годишно за Украина

Европска земја ќе произведува десетици илјади дронови годишно за Украина

(ВИДЕО) Силен ветер урна позната статуа во Бразил

(ВИДЕО) Силен ветер урна позната статуа во Бразил

Ова ја вознемири Русија: Ги прашувал учениците за националноста, па ги избодел

Ова ја вознемири Русија: Ги прашувал учениците за националноста, па ги избодел

Австралискиот премиер го посети во болница херојот на Бонди: Ахмед ал-Ахмед e „најдоброто од нашата земја“

Австралискиот премиер го посети во болница херојот на Бонди: Ахмед ал-Ахмед e „најдоброто од нашата земја“

САД даваат безбедносни гаранции за Украина, но нема договор за територијални отстапки

САД даваат безбедносни гаранции за Украина, но нема договор за територијални отстапки

Украина добива гаранции од САД слични на Член 5 од НАТО?

Украина добива гаранции од САД слични на Член 5 од НАТО?

(ВИДЕО) Мароко брои жртви, по седум години суша се борат со поплави

(ВИДЕО) Мароко брои жртви, по седум години суша се борат со поплави