Ребалансот на буџетот носи 35 милиони евра за поплавените
Објавено во: Македонија 19 Септември, 2016
Пратениците едногласно го изгласаа ребалансот на буџетот со што жителите од поплавените подрачја кои претрпеа огромни штети ќе добијат целосен надомест вреден 35 милиони евра кои ќе бидат распоредени од државната каса.
Без оглед што пратениците се согласија за издвоената сума, опозицијата изрази голема загриженост што средствата се обезбедени од кредит преку издавање на еврообврзица, наместо да се направи прераспределба на непотребните буџетски трошења за амбициозните државни проекти.
Пратениците исто така побараа средства итно да се распределат кај жителите на поплавените места бидејќи им е неопходна и при тоа да не се врши селекција и да се пази на транспарентноста за да нема злоупотреби.