Добивај вести на Viber
Од ноќеска на полноќ растат цените на бензините. Според одлуката на Регулаторната комисија за енергетика, бензините поскапуваат за 2,5 денари, а дизелот за половина денар.
Од полноќ, литар бензин Еуросупер БС-95 ќе чини 84 денари, додека цената на Еуросупер БС-98 се искачи на 85,5 денари.
Еуродизелот ќе се продава за 71,50, додека Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) за 60,5 денари по литар.
Како образложение за денешното поскапување на горовата, Регулаторната комисија ја наведе зголемената цена на сурова нафта на светскиот пазар во изминатите две недели, како и понискиот курс на денарот во однос на доларот.