Реката Вардар порибена со 1.500 пастрмки
Објавено во: Македонија 16 Јуни, 2016
Во водите на реката Вардар, кај хотелот Александар Палас, вчера се пуштени 1.500 парчиња македонска ендемична пастрмка.
Целта на проектот е да се овозможи заштита на македонската пастрмка и вретенарот, а со тоа и зголемување на бројноста на популацијата во течението на реката Треска, вклучувајќи ги и акумулациите Матка, Св.Петка и Козјак.
Планирано е да се направи порибување и во неколку други реки низ регионот.
Ако ова не се направи, постои реална опасност засекогаш да се изгубат овие специфични видови риба.
Акцијата за порибување ја организираа Град Скопје, Македонската риболовна федерација, Министерството за земјоделство шумарство и водостопанство, Државениот земјоделски инспекторат и Министерсвото за животната средина и просторно планирање.