Добивај вести на Viber
Владата ќе оддели вкупно 501.000 евра за изработка на нова кампања за борба против семејното насилство.
Генералниот секретаријат на Владата за таа намена веќе склучи договори со Друштво за издавачка и уметничка дејност, трговија и услуги “Трето уво“ ДООЕЛ експорт-импорт Скопје и со Друштво за маркетинг „Њу момент Њу идеас компани“ ДОО Скопје за изработка, осмислување и реализација на кампања за промоција на основните семејни вредности.
Според договорот „Трето уво“ ќе треба да изработи идејно решение за знак и лого на кампањата, тв спотови за реклама, како и радио спотови во вредност од 3.162.400 денари или околу 51.000 евра, со времетраење на договорот од еден месец, а на „Њу момент“ за осмислување и реализација на ПР стратегија за промоција на кампањата, Владата треба да ѝ плати 4.521.288 денари или околу 73.000 евра, за времетраење од шест месеци
.
Според известувањата објавени на електронскиот систем за јавни набавки, вкупната проценета вредност за оваа кампања е 30.750.000 денари или 501.000 евра, а засега се склучени договори само со двете маркетинг агенции.
Според известувањето за двата договори, при избор на најдобрата понуда предност имал квалитетот кој се оценувал со 65 бодови, а цената со 35 бодови.
Двата договори се склучени на 31 јануари годинава.