Ременски: Итна санација на оштетените градинки од земјотресот
Објавено во: Македонија 19 Септември, 2016
Министерката Фросина Ременски соопшти дека Министерството за труд и социјална политика ќе ги прими сите барања на градинките во Скопје кои претрпеле штети за време на земјотресите и по направените проценки ќе бидат издвоени средства за нивно реновирање.
Градинката „11 Октомври“ во општина Бутел која претрпе мали штети од земјотресот одлучено е да биде веднаш реновирана, а за таа намена избран е и изведувач.
- Како Министерство ги направивме сите чекори што се во наша надлежност во делот на инспекцискиот надзор кој што го направивме и врз основа на што дадовме согласност градинката да направи распределба на децата во други две градинки во истата населба за да се отстрани можноста за попречување на работата која што ќе започне, се надевам, следнава недела - рече на денешната прес-конференција министерката Фросина Ташевска Ременски.
Институтот за земјотресно инженерство, којшто извршил увид во зградата на градинката, констатирал сериозни нарушувања на самата градба што и затоа е побарано интервентно коригирање.