„Република Северна Македонија“ доби зелено светло од Комисијата
Објавено во: Македонија 08 Ноември, 2018
Комисијата за уставни прашања го усвои текстот на нацрт амандманот 33 со кој се предлага замена на зборот Република Македонија со Република Северна Македонија, секаде во Уставот освен во член 36 каде има историски аспект.
Овој амандман помина со 10 гласови – „за“, 5 – „против“ и без воздржани.
Во Собрание породолжува расправата на Комисијата за вториот нацрт амандман.