РЕШЕН УШТЕ ЕДЕН СЛУЧАЈ:МВР ги објави деталите
Објавено во: Македонија 31 Декември, 2024
СВР Скопје го расчистил случајот со оружјето кое беше пронајдено од негови полициски службеници на 18 декември на територија на општина Арачиново, информира Министерството за внатрешни работи.
-Покрај локален пат од село Орланци кон село Никуштак беа пронајдени девет автоматски пушки, еден пушкомитралез и поголема количина на муниција. По преземени соодветни мерки и активности и извршени вештачења во Одделот за форензички испитувања, утврдено е дека оружјето е на Х.С. (29) од Куманово, соопшти МВР.
Х.С. завчера (29 декември) бил лишен од слобода на граничниот премин Долно Блаце, а од страна на Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје поднесена е кривична пријава по итна постапка и вчера (30 декември) од судија на претходна постапка му е изречена мерка 30-дневен притвор.