19 Април, 2025
0.0344

Ревија на торти и пица шампионат во Веро центар

Објавено во: Мои пари 10 Октомври, 2024 11:00

Добивај вести на Viber

Ревија на торти, шампионат во правење пица, натпревар под притисок за декорација на торти и брзо јадење десерти, дегустации на храна и други гурмански изненадувања, се само дел од активностите што ги очекуваат посетителите на манифестацијата „Интерфестфуд“ која во сабота (12 октомври) ќе се одрживо Веро центар во Скопје.

Традиционалната манифестација „Интерфестфуд“ годинава се одржува по јубилеен 15. пат во организација на хуманитарната организација ХОА – Ангелчиња во соработка со Федерацијата на угостителски и туристички училишта (ФУТУ). Настанот, на кој се предвидени многубројни активности, ќе почне во 12 часот и ќе трае до 16 часот.

На оваа манифестација, покрај натпреварите во различни категориина кои ќе можат да учествуваат и посетителите, ќе бидат изложени слатки и солени креации изработени од учесници од земјава и странство. По завршувањето на настанот, сите изложени креации ќе бидат донирани во хуманитарното здружение „Св. Спас“ од Скопје, кое ќе им ги подели на социјално загрозени семејства.

Пријавените учесници на „Интерфестфуд“ годинава ќе се натпреваруваат во изработка и декорација на торти, како и во подготовка на најдобра пица на пица шампионатот, на кој ќе учествуваат натпреварувачи од пицерии под раководство на академијата „Пицајоли“. Неколку здруженија од земјава ќе приготвуваат војнички грав во котле кој ќе може да се проба на самото место, а предвиден е и натпревар под притисок за брзо и успешно декорирање торти. Најхрабрите посетители може да учествуваат и во натпреварот за брзо јадење десерти, а најдобрите ќе освојат награди. Покрај овие активности, ќе се организира и дегустација на домашно слатко, а целиот настан ќе биде збогатен со добра музика, забава и изненадувања.  

- За јубилејното издание на манифестацијата подготвивме многу интересна програма со разновидни активности за кои сме сигурни дека ќе го привлечат и задржат вниманието на сите посетители. Многу нѐ радува тоа што покрај домашните учесници, пријавени се и многу натпреварувачи и учесници од земјите од регионот и пошироко, што доволно зборува за квалитетот на настанот. Целта ни е да ги промовираме локалните професионалци да ги покажат своите вештини, но и оние на кои приготвувањето и декорирањето храна не им е професија, туку задоволство. Дополнително, со хуманитарната нишка на овој настан, се трудиме да ја подигнеме свеста на заедницата за важноста на помагањето и споделувањето – истакнуваат организаторите на „Интерфестфуд“.   

Покрај натпреварувачкиот дел, на манифестацијата ќе има и саемски дел на кој ќе се претстават познати ресторани и прехранбени компании од земјава и регионот на темата „Локално, а модерно“, како и штандови на кои секоја од земјите-учеснички ќе ги презентира своите туристички понуди и новитетите што ги применува во угостителството.  

ПР објава

Можеби ќе ве интересира

„Алкалоид“ трета година по ред е апсолутен победник - најпосакуван работодавач за 2024 година

„Алкалоид“ трета година по ред е апсолутен победник - најпосакуван работодавач за 2024 година

Владимир Мартиновски: Во сонетниот венец „Часови без часовник“ се преплетуваат љубовта и нештата што ме загрижуваат

Владимир Мартиновски: Во сонетниот венец „Часови без часовник“ се преплетуваат љубовта и нештата што ме загрижуваат

„КАМ“ прогласен за најпосакуван работодавач за 2024 година

„КАМ“ прогласен за најпосакуван работодавач за 2024 година

CUPRA Formentor и Audi A5 се победници! - Доделени наградите „Златно Тркало 2025“

CUPRA Formentor и Audi A5 се победници! - Доделени наградите „Златно Тркало 2025“

Постот никогаш не бил посладок – Откријте го совршениот додаток за кафе во Имлек Оаза

Постот никогаш не бил посладок – Откријте го совршениот додаток за кафе во Имлек Оаза

Десет години трансформација: Philip Morris International го објави Извештајот за одржливост за 2024 година

Десет години трансформација: Philip Morris International го објави Извештајот за одржливост за 2024 година

Флекс Кредит прогласен за „Најпосакуван работодавач“ во категоријата финансиски друштва за 2024 година

Флекс Кредит прогласен за „Најпосакуван работодавач“ во категоријата финансиски друштва за 2024 година

Каратистите на „Макпетрол” ќе учествуваат на светската карате-лига во Египет

Каратистите на „Макпетрол” ќе учествуваат на светската карате-лига во Египет

КС Групација ги подели традиционалните велигденски ваучери

КС Групација ги подели традиционалните велигденски ваучери