Добивај вести на Viber
Неправилности во постапките за јавни набавки, отсуство на пресметка за вредноста и роковите за реконструкција на фасадите и изградба на објектите во централното градско подрачје, незаконска исплата на надоместоци на советници- ова се дел од неправилностите што ги констатирал Државниот завод за ревизија на Град Скопје за периодот во 2014 година.
Овластениот ревизор при увидот во начинот на планирање и спроведување на постапките за јавни набавки во 2014 година и дел од јавни набавки спроведени во претходните години по кои се превземени обврски во 2014 година, констатирал дека има неприменување на одредбите од Законот за јавни набавки и подзаконските акти од областа на јавните набавки.
При тоа неправилности се утврдени во документацијата за спорведени јавни набавки за реконструкција на училишта и фискултурни сали, изработка и монтажа на заштитна ограда и канделабри на мостот на реката Вардар меѓу улиците Војвода Васил Аџиларски и Стив Наумов. Со ревизијта се утврдило дека не се наведуваат целосни податоци, поточно кај училиштата и фискултурните сали не било наведено кои точно објекти ќе се реконструират. Во тендерската документција за заштитната ограда и канделабрите на мостот на реката Вардар меѓу улиците Војвода Васил Аџиларски и Стив Наумов, е констатирано дека се бара вкупна финансиска понуда за извршената набавка, наместо да се бара понуда по позиции посебно за изработка на заштитна ограда и посебно за канделбри.
„Оваа состојба на изработување на тендерските документации и технички спецификации на начин што истите не содржат целосни, точни и прецизни информации за предметите на набавката, во смисла на тоа дека истите се општи и со генерални податоци, оневозможува економските оператори да поднесат понуди со конкретни цени и услови, што создава можност од ограничување на конкуренцијата меѓу економските оператори и постигање на реални цени на понудите“, наведува овластениот ревизор.
Во тендерската документација за изградба на Градската куќа е констирано дека има писмена изјава од овластеното лице на понудувачот дека доколку биде избран како најповолен понудувач е согласен да му се изврши задршка во висина од 2 проценти од вредност на договорт без вклучен ДДВ до истекот на гарантираниот период од две години по завршување на работата. Ревизорот констатирал дека во конкретниот случај избраниот понудвач ја има потпишно изјавата иако истото не е во соглсност со Законот за јавни набавки и истта потоа не е наведена во склучениот договор за јавна набавка.При тоа се наведува дека договорот е склучен на 31 мај 2011 година а градежните работи требало да завршат на 29 феврури 2014 година. Но ден пред истекот на рокот се прекинале сите градежни работи и по осум месеци е склучен Анекс договор кон основниот договор со кој рокот се продолжил до 29 октомври годинава, што пак претставува 100% пробивње на рокот за изграадба на објектот.
Т.С.