15 Јануари, 2025
0.2472

Ревизија: Советници како членови на комисии незаконски добивале надоместоци

Објавено во: Македонија 31 Мај, 2016

Добивај вести на Viber

Неправилности во постапките за јавни набавки, отсуство на пресметка за вредноста и роковите за реконструкција на фасадите и изградба на објектите во централното градско подрачје, незаконска исплата на надоместоци на советници- ова се дел од неправилностите што ги констатирал Државниот завод за ревизија на Град Скопје за периодот во 2014 година. Овластениот државен ревизор констатирал дека во 2014 година се исплатени 10.390 евра на членови на постојани тела/комисии на Град Скопје, во кои освен истакнати стручни лица од посебните области, претставници на асоцијации и здруженија на граѓани, има и членови од Советот на Град Скопје. Надоместоци се исплатени на членови на Комисијата за односи меѓу заедниците, Совет за заштита на потрошувачи и Комисија за утврдувањње на правата на пациентите. „Вака утврдените надоместоци на Советот на Град Скопје не се предвидени во Законот за локална самоуправа како системски закон, ниту во посебните зкони со кои се уредуват прашања од значење на граѓаните. Согласно член 45 од Законот за локална самоуправа и член 29-а до 29-г од Закон за плата и други надоместоци на избрани и именувни лица во РМ, на членовите на Советот е утврдено правото на надоместок за присуство на седници и надоместок за патните и дневните трошоци, а не се предвидени надоместоци за учество во комисии и постојани тела“, се наведува во извештајот. Овластениот ревизор препорачува градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајновски да преземе мерки и активности за преиспитување на законскиот основ за исплата на надоместоци и членови на постојаните работни тела. Т.С.

Можеби ќе ве интересира

НЕ СПОДЕЛУВАЈТЕ ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ: Креиран е лажен профил со податоци на Венко Филипче

НЕ СПОДЕЛУВАЈТЕ ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ: Креиран е лажен профил со податоци на Венко Филипче

Државен завод за ревизија: Имаме 100 скривници, ДЗС ги има запуштено

Државен завод за ревизија: Имаме 100 скривници, ДЗС ги има запуштено

Ќе купуваме „тајно“ оружје од САД

Ќе купуваме „тајно“ оружје од САД

НА МЛАД ПАЦИЕНТ Е ИЗВРШЕНА УСПЕШНА ТРАНСПЛАНТАЦИЈА НА КОСКА: Корегиран деформитет на стапалото од церебрална парализа

НА МЛАД ПАЦИЕНТ Е ИЗВРШЕНА УСПЕШНА ТРАНСПЛАНТАЦИЈА НА КОСКА: Корегиран деформитет на стапалото од церебрална парализа

Потрагата по Лидија од Јурумлери заврши трагично

Потрагата по Лидија од Јурумлери заврши трагично

„Атентат“ на Зијадин Села на Вевчанскиот карневал, ДУИ реагира

„Атентат“ на Зијадин Села на Вевчанскиот карневал, ДУИ реагира

ТОШКОВСКИ СЕ НАЛУТИ: Може за Македонците да збориме? Еднаш во својот говор не спомнавте Македонци, или Срби, или Турци.....

ТОШКОВСКИ СЕ НАЛУТИ: Може за Македонците да збориме? Еднаш во својот говор не спомнавте Македонци, или Срби, или Турци.....

„СИТЕ СМЕ ВО ШОК ДЕКА ЈОВИЌ ВО РАНИТЕ УТРИНСКИ ЧАСОВИ ГО ЗАГУБИЛ ЖИВОТОТ“: Почина поранешниот ракометен репрезентативец Александар Јовиќ

„СИТЕ СМЕ ВО ШОК ДЕКА ЈОВИЌ ВО РАНИТЕ УТРИНСКИ ЧАСОВИ ГО ЗАГУБИЛ ЖИВОТОТ“: Почина поранешниот ракометен репрезентативец Александар Јовиќ

ПРОМЕНА НА УСТАВОТ АКО САКАМЕ ВЛЕЗ ВО ЕУ: Еве што вели еврокомесарката Кос

ПРОМЕНА НА УСТАВОТ АКО САКАМЕ ВЛЕЗ ВО ЕУ: Еве што вели еврокомесарката Кос