20 Мај, 2024
0.0286

Ричард Ју: Huawei има компетитивни цени на европскиот пазар, со врвни иновации

Објавено во: Мои пари 05 Април, 2019

Добивај вести на Viber

Huawei неодамна имаше одлична промоција на новите премиум смартфони Huawei P30 иHuawei P30 Pro кои носат голем број на иновации, фокусирани пред се во камерите и примената на вештачка интелигенција за креирање што е можно полесни и побрзи сцени за корисникот во различни сценарија на осветленост и позадина. Фактор имаше уникатна можност да присуствува на промоцијата, како и на разговорот со Главниот извршен директор на Huawei Ричард Ју, кој отворено говореше за позициите на пазарот, состојбата со развој на долго очекуваната 5G мобилна технологија и бенефити кои ги очекуваат корисниците.


Ричард Ју истакнува дека пазарот на Источна Европа каде спаѓа и Северна Македонија е многу важен за компанијата и Huawei ќе продолжи со лансирање на голем број на смартфони кои ценовно нема да се разликуваат од понудата која ја имаат на азискиот пазар.

Huawei за краток период успеа да се наметне како втор производител по бројот на продадени мобилни уреди и веќе го надмина гигантот Apple со агресивна маркетинг стратегија. Резултат на тоа се квалитетни и модерни телефони кои одговараат на потребите на различни категории на корисници, од бизнисмени на кои им треба сигурен и брз уред за комуникација во движење, до смартфони за тинејџери со пониски цени и атрактивни селфи камери.


Пред Huawei е поставен уште поголем предизвик, а тоа е примената на новата 5Gтехнологија која треба да направи огромен скок во брзината на пренос на податоци и поврзување со сите електронски елементи од нашето живеење. Сепак, Ју е свесен за пречките кои ги постави Владата на САД, но затоа пак е задоволен бидејќи со такви забрани засега не се соочува во земјите на ЕУ. Huawei годинава ќе биде главен производител на 5G инфраструктура во Европа, па така иновациите кои ги гледавме на научно-фантастичните филмови наскоро ќе станат реалност.


Huawei P30 и Huawei P30 Pro се вистински „ѕверови“ со Kirin 980 процесорот кој има напредна поддршка за AI во делот на камерата, има одличен дизајн со маска чии бои се прелеваат со што се добива елегантен изглед, неговите перформанси се молневити за што имавме можност и самите да се увериме во направениот тест на уредите. Според Ју станува збор за одлична надградба во однос на ланската понуда на Huawei P20 и Huawei P20 Pro и токму затоа тврди дека направиле поголем напредок во однос на директните конкуренти. 

Huawei P30 и Huawei P30 Pro ќе бидат достапни и на македонскиот пазар како мобилни уреди со врвен хардвер, огромни екрани за голема видливост со минимални рамки и ергономичен дизајн со уникатна естетика, како и совршени камери со бројни сензори.


Можеби ќе ве интересира

Петнаесет млади поети ќе читаат на третата „Отскочна даска“

Петнаесет млади поети ќе читаат на третата „Отскочна даска“

Иновативниот дигитален потсетник Hint by Teva ја трансформира наплатата на фактури кај голем број компании во Македонија

Иновативниот дигитален потсетник Hint by Teva ја трансформира наплатата на фактури кај голем број компании во Македонија

НОВА ПРОМОЦИЈА НА 2win.мк : БОНУС ДОБИВКИ ЗА ЏЕКПОТ МАНИЈА

НОВА ПРОМОЦИЈА НА 2win.мк : БОНУС ДОБИВКИ ЗА ЏЕКПОТ МАНИЈА

Една година по вградувањето вештачки колк, 30-годишната Менче е подготвена да трча маратон

Една година по вградувањето вештачки колк, 30-годишната Менче е подготвена да трча маратон

Започнува караванот за финансиско советување на НЛБ Банка

Започнува караванот за финансиско советување на НЛБ Банка

Рекорден број домашни и странски натпреварувачи и два урнати рекорди го одбележаа 12. издание на настанот „Sparkasse Life Прв до врв“

Рекорден број домашни и странски натпреварувачи и два урнати рекорди го одбележаа 12. издание на настанот „Sparkasse Life Прв до врв“

Револуционерните филери на Синклер достапни во Клиника Жан Митрев

Револуционерните филери на Синклер достапни во Клиника Жан Митрев

„Вози право, вози здраво“ осми пат низ скопските улици, регистрацијата веќе е отворена

„Вози право, вози здраво“ осми пат низ скопските улици, регистрацијата веќе е отворена

Women in Business – уникатен бизнис пакет од ПроКредит Банка и ЕБОР за поддршка на жени претприемачи

Women in Business – уникатен бизнис пакет од ПроКредит Банка и ЕБОР за поддршка на жени претприемачи