17 Декември, 2025
0.0454

Од оваа година целосно ќе се финансираат програмите за ХИВ/СИДА, туберкулоза и маларија

Објавено во: Македонија 07 Мај, 2018 15:09

Добивај вести на Viber

Министерот за здравство, д-р Венко Филипче го отвори состанокот на министрите за здравство на Југоисточна Европа, што се одржува денеска во хотелот Александар Палас во Скопје. Поздравни обраќања имаа и Питер Сендс, Извршен директор, како и Аида Куртовиќ, Претседателка на Одборот на Глобалниот Фонд за борба против ХИВ, маларија и туберкулоза.

На овој состанок, на кој учествуваат министри за здравство и високи државни претставници на земјите од Југоисточна Европа, членови на Управниот одбор и Секретаријатот на Глобалниот фонд за борба против ХИВ, туберкулоза (ТБ) и маларија, претставници на билатералните и мултилатерналните партнери, претставници од граѓанскиот сектор, како и клучни популации, засегнати од болестите, се отвори дебата за напредокот, предизвиците и можностите за постигнување одржливи одговори на ХИВ и ТБ во Југоисточна Европа.


„Во новата нацрт Национална стратегија за ХИВ за периодот 2017-2021 и нацрт Националната стратегија за туберкулоза 2018-2022 година се опфатени главните предизвици од транзицијата и завршувањето на финансирањето од Глобалниот фонд и преземањето на оваа обврска од страна на Министерството за здравство“, посочи министерот за здравство д-р Венко Филипче, во своето поздравно обраќање, потенцирајќи дека Министерството за здравство обезбедува континуирана и долгорочна имплементација на програмите за ХИВ и туберкулоза во Република Македонија, со цел одржување на ниската стапката на двете епидемии. 

Претседавачот на одборот на Глобален Фонд, Аида Куртовиќ, истакна дека „регионалната соработка е есенцијална за одржување ниска преваленца на ХИВ, туберкулоза и маларија“, додека, оак, Извршниот директор на Глобалниот Фонд, Питер Сандс ја истакна потребата од соработка со граѓанските организации и цивилниот сектор во борбата против овие болести.



Глобалниот Фонд и партнерите на оваа глобална иницијатива, годишно инвестираат околу 4 милијарди американски долари.

Министерот за здравство д-р Венко Филипче, инфомрираше дека Владата на Република Македонија, на почетокот на септември 2017 година, донесе одлука за преземање на финансирањето на превентивните програми, имплементирани од граѓанските организации по завршување на грантот од Глобален Фонд.

„На предлог на Владата, Собранието на Република Македонија усвои буџет од 95 милиони денари (1,5 милиони евра) за програмата за превенција, третман, грижа и поддршка за ХИВ и 30 милиони денари (половина милион евра) за програмата за контрола на туберкулозата во Република Македонија. Исто така, на почетокот на годинава е објавен втор оглас за граѓанските организации, а договорите беа потпишани во февруари, со вкупно 15 организации, кои ги имплементираат превентивните активности кај клучните популации за ХИВ“, ги истакна министерот Филипче искуствата на Република Македонија во оваа сфера, и додаде дека државата одвои и соодветен буџет за продолжување на набавката на антиретровирусна терапија, и за имплементација на новите политики за програмите за превенција.

„Во партнерство со граѓанскиот сектор и претставниците на заедниците, во текот на оваа година работиме на изнаоѓање долготраен и одржлив механизам за финансирање на превентивните програми за ХИВ и туберкулоза. Со тоа ќе воспоставиме институционална рамка и ќе гарантираме финансиска одржливост во иднина, за да одговориме на предизвикот за одржување ниска стапка на ХИВ и на туберкулозата“, истакна во своето поздравно обраќање министерот Филипче, на денешниот министерски состанокот е во пресрет на 39.-состанок на  Бордот на Глобален фонд, што ќе се одржи на 9. и 10. Мај во Скопје.

Во Република Македонија Глобалниот Фонд е присутен од 2004 година. Во изминатиот период од 13 години (од ноември 2004 до декември 2017 година) во Република Македонија има инвестирано 33 милиони долари преку програмите за ХИВ и за туберкулоза.


Можеби ќе ве интересира

Љупчо Пецов Ѓаволот пуштен во домашен притвор по апсењето на Стафа, имал нарушено здравје

Љупчо Пецов Ѓаволот пуштен во домашен притвор по апсењето на Стафа, имал нарушено здравје

ВИДЕО: Лути патници пцуеле и навредувале возач на ЈСП, затоа што автобусот го чекале еден час и се расипал

ВИДЕО: Лути патници пцуеле и навредувале возач на ЈСП, затоа што автобусот го чекале еден час и се расипал

МВР со пријава против транспортери од Тетово, сакале да превезуваат ученици со измама

МВР со пријава против транспортери од Тетово, сакале да превезуваат ученици со измама

„БОЛКАТА ВО ВРАТОТ СТАНУВА СЕКОЈДНЕВИЕ – СÈ ПОЧЕСТО КАЈ МЛАДИ ЛУЃЕ ОТКРИВАМЕ ЦЕРВИКАЛНА ДИСКУС ХЕРНИЈА“

„БОЛКАТА ВО ВРАТОТ СТАНУВА СЕКОЈДНЕВИЕ – СÈ ПОЧЕСТО КАЈ МЛАДИ ЛУЃЕ ОТКРИВАМЕ ЦЕРВИКАЛНА ДИСКУС ХЕРНИЈА“

Битолчанец со секира во казино барал да му ги вратат парите што ги изгубил на коцка

Битолчанец со секира во казино барал да му ги вратат парите што ги изгубил на коцка

„Дали е точно дека група обвинители на чело со Коцевски заташкуваат над 40 предмети за функционери од СДС и ДУИ?“: ВМРО-ДПМНЕ по оставката

„Дали е точно дека група обвинители на чело со Коцевски заташкуваат над 40 предмети за функционери од СДС и ДУИ?“: ВМРО-ДПМНЕ по оставката

ЖЕНАТА ДОНЕЛА ПИШТОЛ, МАЖОТ ПУКАЛ: Две лица осомничени за убиство во гостиварско

ЖЕНАТА ДОНЕЛА ПИШТОЛ, МАЖОТ ПУКАЛ: Две лица осомничени за убиство во гостиварско

Муцунски од Брисел: Сите ние од Западниот Балкан треба да бидеме заедно во ЕУ

Муцунски од Брисел: Сите ние од Западниот Балкан треба да бидеме заедно во ЕУ

Македонија со 2 автобуса на 1 000 жители над европскиот просек од 1,6

Македонија со 2 автобуса на 1 000 жители над европскиот просек од 1,6