„Руле турс“ останува газда на Автобуската станица Скопје
Објавено во: Македонија 31 Март, 2015
Досегашниот концесионер „Руле турс“ имаше највисока понуда на јавното наддавање за закуп и стопанисување со Скопската автобуска, 213 милиони денари, плус ДДВ.
И во наредните 15 години оваа компанија ќе стопанисува со Автобуската станица Скопје.
Компанијата „Руле турс“ и во наредните 15 години ќе стопанисува со Автобуската станица Скопје.
Вкупната постигната цена изнесува над 4 милиони евра.
На јавното наддавање учествуваа и компаниите „Вардар експрес“ и СИЗ за патен сообраќај (Македонија сообраќај – АМЕРИТ) Скопје.
За јавното наддавање биле заинтересирани 7 компании од кои 5 ги исполнија условите. До денот на јавното наддавање, од овие пет компании, гарантен депозит што беше услов за учество во усното јавно наддавање доставиле 3 компании.