08 Октомври, 2024
0.0239

РУСИЈА И ПОСТАВИ УСЛОВИ НА МАЈКАТА НА НАВАЛНИ ЗА ДА ГО ЗЕМЕ ТЕЛОТО НА ПОЧИНАТИОТ СИН: Еден од условите е погребот треба да биде таен

Објавено во: Свет 23 Февруари, 2024

Добивај вести на Viber

Рускиот истражен комитет постави список со барања за предавање на телото на починатиот опозициски лидер Алексеј Навални на неговата мајка и извршување на погребот, изјави Иван Жданов, директор на Фондацијата за борба против корупцијата, која беше основана и предводена од Навални. .

Најпрво, комисијата побара погребот да биде тајно во кругот на семејството. Дополнително, потребно е да се исполнат уште три услови за да се предаде телото, рече Жданов.

Телото на Алексеј Навални би требало да биде пренесено во Москва со специјален лет, а неговата мајка Људмила не смее претходно да ги соопшти деталите за погребот, како и времето на пристигнувањето на телото, за да не се соберат маса луѓе. на аеродромот, пренесува CNN.

Друг услов е семејството пред погребот цело време да биде придружувано од членови на Истражниот комитет.

Последното барање е Људмила Навалнаја, мајка на починатиот опозиционер, да го одреди датумот и местото на погребот откако телото ќе пристигне во Москва. До погребот, телото ќе се чува во московскиот или Владимирскиот регион.

Како што рече Жданов, Истражниот комитет стравува дека мртовечницата ќе биде нападната.

Според Жданов, потврдата за смрт на мајката на Алексеј Навални ќе и биде издадена дури откако таа ќе ги прифати сите наведени услови.

Тој додава дека на почетокот и било одбиено Људмила да го погреба нејзиниот син каде што сакала, а потоа двете страни се договориле погребот да се случи на гробиштата Хованково во Москва. Она за што мајката и властите не се договориле е капелата во која ќе се одржи погребот, изјави Жданов за независниот руски новинар Александар Плушчев, како што пренесува Си-Ен-Ен.

Мајката на Навални во четвртокот изјави дека властите и се закануваат дека ако не ги прифати условите „ќе направат нешто со телото“ на нејзиниот син.


Можеби ќе ве интересира

УРАГАНОТ „КРИК“ СЕ ДВИЖИ КОН ЕВРОПА: Еве каде ќе удри, носи силен ветер и дожд

УРАГАНОТ „КРИК“ СЕ ДВИЖИ КОН ЕВРОПА: Еве каде ќе удри, носи силен ветер и дожд

РУСИН КОЈ СЕ БОРЕШЕ НА СТРАНАТА НА УКРАИНА ЗАГИНА: Станува збор за познат активист

РУСИН КОЈ СЕ БОРЕШЕ НА СТРАНАТА НА УКРАИНА ЗАГИНА: Станува збор за познат активист

„МЕГА“ ХАКЕРСКИ НАПАД НА РУСКИТЕ МЕДИУМИ ЗА РОДЕНДЕНОТ НА ПУТИН: Дали Украинците стојат за нападот?

„МЕГА“ ХАКЕРСКИ НАПАД НА РУСКИТЕ МЕДИУМИ ЗА РОДЕНДЕНОТ НА ПУТИН: Дали Украинците стојат за нападот?

ВЛАДИМИР ПУТИН НАПОЛНИ 72 ГОДИНИ: Како од сиромашно момче стана моќен лидер?

ВЛАДИМИР ПУТИН НАПОЛНИ 72 ГОДИНИ: Како од сиромашно момче стана моќен лидер?

„ЌЕ ДОНЕСЕМЕ МИГРАНТИ ОД БУДИМПЕШТА ВО БРИСЕЛ И ЌЕ ГИ ОСТАВИМЕ ПРЕД КАЦЕЛАРИИТЕ“: Орбан се закани

„ЌЕ ДОНЕСЕМЕ МИГРАНТИ ОД БУДИМПЕШТА ВО БРИСЕЛ И ЌЕ ГИ ОСТАВИМЕ ПРЕД КАЦЕЛАРИИТЕ“: Орбан се закани

ЕВЕ КОИ СЕ ТРИТЕ НАЈПРИВЛЕЧНИ ЗЕМЈИ ЗА БОГАТАШИТЕ: имаат најатрактивни понуди за „трагачите“ по златна виза

ЕВЕ КОИ СЕ ТРИТЕ НАЈПРИВЛЕЧНИ ЗЕМЈИ ЗА БОГАТАШИТЕ: имаат најатрактивни понуди за „трагачите“ по златна виза

„ХЕЛЕНА“ ИМ ОСТАВИ БРОЈНИ ЖРТВИ, НО СЕГА ПРИСТИГНУВА И „МИЛТОН“: Овој ураган може да биде уште побезмилосен

„ХЕЛЕНА“ ИМ ОСТАВИ БРОЈНИ ЖРТВИ, НО СЕГА ПРИСТИГНУВА И „МИЛТОН“: Овој ураган може да биде уште побезмилосен

„СЀ ДОДЕКА СУМ НА ВЛАСТ ЌЕ ГО БЛОКИРАМ ЧЛЕНСТВОТО НА УКРАИНА ВО НАТО“:Сака да ги врати и економските врски со Русија

„СЀ ДОДЕКА СУМ НА ВЛАСТ ЌЕ ГО БЛОКИРАМ ЧЛЕНСТВОТО НА УКРАИНА ВО НАТО“:Сака да ги врати и економските врски со Русија

КИНЕЗИТЕ ГИ ХАКИРАЛЕ АМЕРИКАНЦИТЕ: Упаднале во системите за прислушување

КИНЕЗИТЕ ГИ ХАКИРАЛЕ АМЕРИКАНЦИТЕ: Упаднале во системите за прислушување