РУСИЈА КОНТРА ПЕНДАРОВСКИ: Негираат вмешаноста во протестите против францускиот предлог
Објавено во: Македонија 12 Јули, 2022 18:56
Русија ги отфрли обвинувањата на македонскиот претседател Стево Пендаровски за вмешаност во протестите во Скопје.
Руската амбасада во Скопје ги отфрли обвинувањата за наводна вмешаност на Русија во внатрешните работи во Македонија и на Балканот.
„Русија не се мешала, не се меша и нема намера да се меша во внатрешните работи на која било држава, вклучително и Северна Македонија, и покрај тоа што се обидуваат да ја фатат со ова. Ова е во спротивност со самата филозофија на руската надворешна политика. Добро е познато дека ваквите обиди никогаш не го носат посакуваниот ефект и на крајот ги дискредитираат оние кои прибегнуваат кон такви методи. Ние го почитуваме кој било избор на македонскиот народ, подготвени сме и понатаму да ја градиме нашата соработка заснована токму на ваквата основа - на меѓусебно почитување и еднаквост“, стои во соопштението од Руската амбасада.
Пендаровски претходно во интервју за Тв 21 изјави дека луѓе од соседни земји дошле во Македонија за да испровоцираат инциденти.Тој и за грчкиот весник Етнос на 10 јули рече дека Москва произведува најсериозни хибридни закани за Балканот. Секој ден во 19 часот има протести против францускиот предлог.
foto freepik.com
Можеби ќе ве интересира
Желјазков: Немаме нерешени билатерални прашања со Република Северна Македонија
Петре Шилегов бара оставка од лидерот на СДСМ, Венко Филипче
Арсовска од медиумите дознала дека треба да пријави имотна состојба, ја обвини ДКСК за јавен линч
Собранието го изгласа пакетот закони потребни за целосно функционирање на системот „Безбеден град“
Собранието донесе Резолуција за осуда на манипулациите на опозицијата и за потврда на политиките против нелегалната миграција
Грчкото МНР реагира за изјавата на Мицкоски: Секој обид за фалсификување или менување на содржината на Договорот oд Преспа нема да биде прифатен
„Кој има две блузи, нека даде една на оној што нема ниедна“: Празнична солидарност на дело - Велешани со пример за цела Македонија
Наводите за привилегии за тендерите се неточни, велат од Владата по обвинувањата за давање милионски тендери




