Руската амбасада со осуди за надворешните мешања во политичката криза во Македонија
Објавено во: Македонија 06 Февруари, 2017 15:45
Сите обиди за мешање во овој процес однадвор, да се наметнат вакви или онакви решенија покрај волјата на народот на Македонија се многу опасни и мора да бидат отфрлени од светската заедница, порачуваат од руската амбасада.
Оттаму оценуваат дека излезот од тешката внатрешна политичка криза што ја зафати Република Македонија може да биде најден исклучиво во рамки на постоечкото уставно поле, врз основа на општо признаените норми на демократското општество
„Сите обиди за мешање во овој процес однадвор, да се наметнат вакви или онакви решенија покрај волјата на народот на Македонија“, посочува амбасада, се многу опасни и мора да бидат офрлени од светската заедница.
Од Амбасадата нагласуваат дека Руската федерација континуирано ја поддржува безбедноста и стабилноста на Република Македонија како независна, суверена и територијално интегрална држава, но истовремено одлучно ги осудуваат обидите на надворешни сили, како што велат, да го злоупотребуваат факторот на комплицираните меѓуетнички односи за сопствени цели.
Можеби ќе ве интересира
ОПОЗИЦИЈАТА МОЖЕ ДА СЕ ПОВИКУВА НА КОГО САКА: Тошковски за темата мигранти
ДЕЛ ОД МАКЕДОНЦИТЕ ПОСЕДУВААТ ВАКВО ИСКУСТВО: Oва ги турка напред во кариерата
ТРЕНЧЕВСКА ВЕЛИ ДЕКА СДСМ ВЛЕГУВА ВО НОВА ФАЗА НА ПОЛИТИЧКО ЗАЈАКНУВАЊЕ: Се огласи и за резолуцијата на Собранието
„ОВА Е УБАВО СПАКУВАН ПЛАН ЗА ДИСЦИПЛИНИРАЊЕ НА ДРЖАВИТЕ“: Ванковска за бриселските заклучоци за Западен Балкан
„НЕ СУМ ВЕТИЛ ЧУДА“: Ѓорѓиевски побара трпение од граѓаните
„АКО 3 ПАТИ ГО СТОРИТЕ ИСТОТО, И 3 ПАТИ ВИ Е ОДЗЕМЕНА ВОЗАЧКАТА, ВИЕ НЕ СТЕ ЗА ШОФЕР, ТРЕБА ДА ВОЗИТЕ ТОЧАК“: Тошковски за повторување на сообраќајните прекршоци
ГРЦИЈА ПОД БЛОКАДА: Можна е повеќечасовна блокада на границите, се заоструваат протестите
ДОАЃА ВИСТИНСКА ЗИМА: На повидок е спуштање на многу ладен воздух од Сибир
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги




