17 Декември, 2025
0.0486

Руски ултиматум за Украина и ЕУ

Објавено во: Свет 13 Јуни, 2014 20:23

Добивај вести на Viber

В понеделник истекува рокот до кога Москва очекува од Киев да си го плати заостанатиот долг за испорачаниот природен гас. Пред овој датум нема намери да се одржат нови средби на руските со украинските и европските претставници. Ова ја зголемува неизвесноста за испораката на руски гас кон Европа, особено затоа што Москва и Киев до сега не најдоа заеднички јазик за подмирување на долгот и за новата тарифа што Украина ќе треба да ја плаќа за испораките во иднина. „До сега не се планирани никакви нови состаноци“, изјави портпаролот на руското Министерство за енергетика Олга Голант, додавајќи дека руските официјални претставници немаат намера по телефон да разговараат за ова чувствително прашање пред истекот на крајниот рок за Киев. Рускиот министер за енергетика Александар Новак веќе најави стопирање на испораката и воведување на авансно плаќање за гасот, доколку Киев не си ги покрие долговите до 7 часот наутро на 16 јуни. Еврокомесарот за енергетика Гинтер Етингер изрази надеж дека нова рунда разговори меѓу Русија и Украина со кои би се спречил прекин во испораката на природен гас, би можеле да се одржат викендов. Европа е загрижена, бидејќи испораката на гас за многу европски земји оди преку Украина.  

Можеби ќе ве интересира

Лавров: Америка ни вети украинска територија

Лавров: Америка ни вети украинска територија

Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва

Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва

Европска земја ќе произведува десетици илјади дронови годишно за Украина

Европска земја ќе произведува десетици илјади дронови годишно за Украина

(ВИДЕО) Силен ветер урна позната статуа во Бразил

(ВИДЕО) Силен ветер урна позната статуа во Бразил

Ова ја вознемири Русија: Ги прашувал учениците за националноста, па ги избодел

Ова ја вознемири Русија: Ги прашувал учениците за националноста, па ги избодел

Австралискиот премиер го посети во болница херојот на Бонди: Ахмед ал-Ахмед e „најдоброто од нашата земја“

Австралискиот премиер го посети во болница херојот на Бонди: Ахмед ал-Ахмед e „најдоброто од нашата земја“

САД даваат безбедносни гаранции за Украина, но нема договор за територијални отстапки

САД даваат безбедносни гаранции за Украина, но нема договор за територијални отстапки

Украина добива гаранции од САД слични на Член 5 од НАТО?

Украина добива гаранции од САД слични на Член 5 од НАТО?

(ВИДЕО) Мароко брои жртви, по седум години суша се борат со поплави

(ВИДЕО) Мароко брои жртви, по седум години суша се борат со поплави