РУСКОВСКА ЗА СНИМКАТА ШТО ПРОТЕЧЕ - нема шанси некој да биде заборавен во притвор, за тоа постојат заштитни механизми
Објавено во: Македонија 30 Јули, 2022 15:53
Аудио запис, на кој наводно се слуша гласот на шефицата на Обвинителството за организиран криминал, Вилма Русковска, вчера осамна на социјалните мрежи, пишува ТВ Алсат.
Според она што може да се чуе од разговорот, кој се претпоставува дека се води меѓу Русковска и уште едно лице, обвинителката вели дека „заборавила“ човек во притвор, а на снимката единствено можеше да се чуе името на Владимир Атанасовски. Тој беше ексдиректор на УБК, а како обвинет во делото за крвавите настани од 27 април во Собранието заработи шестгодишна казна затвор.
Во коментар за Алсат, содржината на записот ја искоментира и шефицата на Обвинителството за организиран криминал.
„Нема шанса некој да биде „заборавен“ во притвор, затоа постојат заштитни механизми. Ако сум рекла „заборавен“, тоа е фигуративно кажано“, рече Вилма Русковска – обвинителка.
Инаку, снимката која циркулира на социјалните мрежи беше објавена вчеравечер на твитер профилот „Правда за сите во Македонија“, а автентичноста засега не е потврдена. Разговорот трае повеќе од една минута, а гласот на соговорникот е обработен.
„Не знам дали е автентична. Мислам дека е дел од снимките кои Јордан Камчев ги достави за предметот „Рекет“. Најдобро е Камчев да го прашате за автентичноста. Не знам кој е објавувачот“, додаде Вилма Русковска – обвинителка.
Можеби ќе ве интересира
Желјазков: Немаме нерешени билатерални прашања со Република Северна Македонија
Петре Шилегов бара оставка од лидерот на СДСМ, Венко Филипче
Арсовска од медиумите дознала дека треба да пријави имотна состојба, ја обвини ДКСК за јавен линч
Собранието го изгласа пакетот закони потребни за целосно функционирање на системот „Безбеден град“
Собранието донесе Резолуција за осуда на манипулациите на опозицијата и за потврда на политиките против нелегалната миграција
Грчкото МНР реагира за изјавата на Мицкоски: Секој обид за фалсификување или менување на содржината на Договорот oд Преспа нема да биде прифатен
„Кој има две блузи, нека даде една на оној што нема ниедна“: Празнична солидарност на дело - Велешани со пример за цела Македонија
Наводите за привилегии за тендерите се неточни, велат од Владата по обвинувањата за давање милионски тендери




