РУТЕ: Доколку Украина загуби, тогаш трошоците за враќање на одвраќањето на остатокот од НАТО ќе бидат многу повисоки

Објавено во: Свет 23 Јануари, 2025
Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, денеска изјави дека руската победа против Украина ќе ја поткопа моќта на најголемиот воен сојуз во светот. Додаде дека тоа ќе ја чини трилиони евра за враќање на кредибилитетот.
„Доколку Украина загуби, тогаш трошоците за враќање на одвраќањето на остатокот од НАТО ќе бидат многу повисоки отколку што сега размислуваме во однос на зголемување на нашите трошоци и индустриско производство“, рече Руте.
Руте изјави дека западните сојузници на Украина треба да ја „зголемат, а не да ја намалат“ поддршката што ја даваат на земјата.
Вели дека Западот „не може да дозволи една земја во 21 век да нападне друга и да се обиде да ја колонизира“.
Aмериканскиот претседател Доналд Трамп сака брзо да заврши војната во Украина.
Руската инвазија на Украина почна на 24 февруари 2022 година.
Можеби ќе ве интересира
Макрон ја собира европската елита на итен состанок утре, откако САД им порача дека се неспособни

Сириецот кој уби дете и рани уште четворица со нож во Австрија се смеел кога го апселе

Рубио оствари телефонски разговор со Лавров: Посветени сме за крај на конфликтот во Украина

„ЕВРОПА МОРА ДА ИМА СВОЈ ВОЕН БЛОК“: Зеленски удри по Трамп, бесен поради преговорите за ставање крај на војната во Украина

МАЈКА И ЌЕРКА (2) ПРВИ ЖРТВИ НА НАПАДОТ ВО МИНХЕН - Авганистанец возеше низ луѓе со автомобилот, пукале за да го запрат

ОРБАН СО НОВА ШОКАНТНА ИЗЈАВА - Украина може да стане „Авганистан“ на Европа

ЗЕЛЕНСКИ ОДБИ ДА ЈА ПОТПИШЕ ПОНУДАТА НА ТРАМП?! Хаос околу украинското богатство, преговорите продолжуваат!

„НА ЕВРОПА ИТНО Ѝ Е ПОТРЕБЕН ПЛАН ЗА УКРАИНА“: Туск се огласи, дали ова е удар за Америка?

ХАМАС ОСЛОБОДИ ТРОЈЦА ИЗРАЕЛЦИ! Еден од заложниците бил принуден да држи предмет во рака што вознемири многумина во Тел Авив! (ВИДЕО)
