(ВИДЕО) МЛАДА ДЕВОЈКА ГО ПРЕЖИВЕА НАПАДОТ НА ХАМАС: Сега ќе пее за Израел на Евровизија

Објавено во: Свет 23 Јануари, 2025
Јувал Рафаел која го преживеа нападот на палестинската терористичка група Хамас на 7 октомври во 2023 година, сега ќе настапи за Израел на Евровизија.
Израелската пејачка Рафаел е годинашната победничка на музичкото натпреварување „HaKokhav HaBa“ (во превод: „Следната музичка ѕвезда“) и со тоа стана претставничка на Израел на 69. издание на Евровизија. Оваа 24-годишна пејачка ја почна својата професионална кариера минатата година.
„Не можам да објаснам колку сум возбудена и спремна! Ви благодарам за честа и довербата да ја претставувам мојата држава на големата евровизиска сцена во Швајцарија“, изјави младата пејачка по победата, а пренесе официјалната веб-страница на Евровизија.
Учеството на Израел лани на Изборот за песна на Евровизија предизвика контроверзии поради конфликтот во Газа, што доведе до протести во Малме, Шведска. И покрај бројните критики, израелската пејачка Еден Голан успеа да го освои 5. место. Хамас на 7 октомври во 2023 година убија над 1.000 цивили и земаа заложници. Тие го нападнаа Израел со барање за формирање на независна држава Палестина со главен град Ерусалим и ослободување на палестинските затвореници од израелските затвори.
фото Инстаграм
Можеби ќе ве интересира
Макрон ја собира европската елита на итен состанок утре, откако САД им порача дека се неспособни

Сириецот кој уби дете и рани уште четворица со нож во Австрија се смеел кога го апселе

Рубио оствари телефонски разговор со Лавров: Посветени сме за крај на конфликтот во Украина

„ЕВРОПА МОРА ДА ИМА СВОЈ ВОЕН БЛОК“: Зеленски удри по Трамп, бесен поради преговорите за ставање крај на војната во Украина

МАЈКА И ЌЕРКА (2) ПРВИ ЖРТВИ НА НАПАДОТ ВО МИНХЕН - Авганистанец возеше низ луѓе со автомобилот, пукале за да го запрат

ОРБАН СО НОВА ШОКАНТНА ИЗЈАВА - Украина може да стане „Авганистан“ на Европа

ЗЕЛЕНСКИ ОДБИ ДА ЈА ПОТПИШЕ ПОНУДАТА НА ТРАМП?! Хаос околу украинското богатство, преговорите продолжуваат!

„НА ЕВРОПА ИТНО Ѝ Е ПОТРЕБЕН ПЛАН ЗА УКРАИНА“: Туск се огласи, дали ова е удар за Америка?

ХАМАС ОСЛОБОДИ ТРОЈЦА ИЗРАЕЛЦИ! Еден од заложниците бил принуден да држи предмет во рака што вознемири многумина во Тел Авив! (ВИДЕО)
