Добивај вести на Viber
Според консолидираниот финансиски извештај РЖ Иинститут, друштво кое е специјализирано првенствено за производство на алуминиум и алуминиумски легури, 2012 година ја заврши со намалени приходи кои резултираа со загуба во работењето.
Според билансот на успех објавен на Македонска берза, РЖ Институт лани остварила вкупни приходи од продажба од 250 милиони денари или околу 4 милиони евра, што е за 14% помалку споредено со продажбите на компанијата реализирани во 2011 година од 4,7 милиони евра.
Како резултат на тоа нето загубата за 2012 година достигна 18 илјади евра, за разлика од добивката од 380 илјади евра пресметана во 2011 година. Ваквите резултати најмногу се должат на лошите резултати од работењето во последниот квартал минатата година, кога РЖ Институт пресметала загуба од 175 илјади евра.
РЖ Институт произведува противпожарни материјали кои се користат во челичната индустрија, кварцен песок за сопирачки системи, се бави со производство на калцит и доломит за белеење.
Освен овие услуги друштвото врши истражување во областа на рударската и металургиската индустрија.