17 Декември, 2025
0.1668

САД одобри грант од 40 милиони долари за модернизација на македонската армија

Објавено во: Македонија 03 Јуни, 2022 12:51

Добивај вести на Viber

САД одобри 40 милиони долари дополнителна финансиска поддршка за оваа година, во процесот на модернизација на Армијата. Ова е договорено во рамките на стратешкиот дијалог помеѓу Македонија и САД во Вашингтон, објави Владата.

Министерката Славјанка Петровска во своето воведно обраќање на сесијата посветена на одбраната во рамките на стратешкиот дијалогпорача дека САД три декади се наш најблизок партнер и во развојот и во процесот на евроатлантска интеграција.

„Неоправданата руска агресија врз Украина ја промени безбедносната архитектура. Економските последици по пандемијата на корона-вирусот и незадоволството со пролонгирањето на европската интеграција можат дестабилизирачки да делуваат на Западниот Балкан и затоа потребна е интензивна активности и силен фокус на овој регион од Европа“, рече министерката. 

Беше кажано дека одбранбениот буџет годинава изнесува 1,77 проценти од БДП, а според НАТО стандардите треба да достигне 2 отсто до 2024 година, вклучително и на одредбата 20 проценти од овој буџет да биде наменет за опремување и модернизација. 

Заменик-помошничката на секретарот за одбрана на САД, Лора Купер порача дека САД досега вложиле речиси 45 милиони долари во модернизацијата на армијата и дека само оваа година се планира вложување од дополнителни 40 милиони долари преку програмата за воено финансирање и програмата 333

Македонија од сад ќе добие експертска помош за дезинформациите како и 4,5 милиони долари за градење на капацитети за сајбер одбрана.


Можеби ќе ве интересира

Собранието го изгласа пакетот закони потребни за целосно функционирање на системот „Безбеден град“

Собранието го изгласа пакетот закони потребни за целосно функционирање на системот „Безбеден град“

Собранието донесе Резолуција за осуда на манипулациите на опозицијата и за потврда на политиките против нелегалната миграција

Собранието донесе Резолуција за осуда на манипулациите на опозицијата и за потврда на политиките против нелегалната миграција

Грчкото МНР реагира за изјавата на Мицкоски: Секој обид за фалсификување или менување на содржината на Договорот oд Преспа нема да биде прифатен

Грчкото МНР реагира за изјавата на Мицкоски: Секој обид за фалсификување или менување на содржината на Договорот oд Преспа нема да биде прифатен

„Кој има две блузи, нека даде една на оној што нема ниедна“: Празнична солидарност на дело - Велешани со пример за цела Македонија

„Кој има две блузи, нека даде една на оној што нема ниедна“: Празнична солидарност на дело - Велешани со пример за цела Македонија

Наводите за привилегии за тендерите се неточни, велат од Владата по обвинувањата за давање милионски тендери

Наводите за привилегии за тендерите се неточни, велат од Владата по обвинувањата за давање милионски тендери

ДСЗИ бара комисија за стручен надзор - таа ќе утврдува дали има пропусти во третманот и лекувањето на бебето

ДСЗИ бара комисија за стручен надзор - таа ќе утврдува дали има пропусти во третманот и лекувањето на бебето

Кузеска: Фирма со тројца вработени за два месеци добила тендери од 1,2 милиони евра

Кузеска: Фирма со тројца вработени за два месеци добила тендери од 1,2 милиони евра

Воздухот и понатаму е загаден, ама барем сега имаме подобар сајт да го гледаме

Воздухот и понатаму е загаден, ама барем сега имаме подобар сајт да го гледаме

„Дали институциите ќе реагираат навреме или ќе чекаат трагедија“: Левица со остра реакција за „Зимзоленд“ и за новиот директор на Зоолошка градина

„Дали институциите ќе реагираат навреме или ќе чекаат трагедија“: Левица со остра реакција за „Зимзоленд“ и за новиот директор на Зоолошка градина