САД СЕ ЗАКАНИ: Иран ќе се соочи со последици ако испорача проектили на Русија

Објавено во: Свет 12 Август, 2024 21:36
САД денеска упатија предупредување дека Иран ќе се соочи со значајни последици ако одлучи да испорача стотици балистички проектили на Русија.
„Подготвени сме да дадеме брз и силен одговор ако Иран се впушти во пренос на балистички ракети“, изјави пред новинарите во Вашингтон, портпаролот на американскиот Стејт департмент, Ведант Пател.
Според него, САД веруваат дека тоа „ќе претставува сериозна ескалација на иранската поддршка на рускиот агресивен напад против Украина“.
„САД се подготвуваат за значителни напади што би можеле да ги извршат иранските приврзаници на Блискиот Исток уште во текот на оваа недела“, изјави советникот за национална безбедност на Белата куќа Џон Кирби.
Украина нападна во Курск, а украинските власти велат дека ќе ја принудат Русија на мир. Русија пред две и пол години ја нападна Украина и војната уште трае.Можеби ќе ве интересира
ИМА САМО 15 ГОДИНИ: Момчето кое избоде ученици во Франција испратило писмо долго 20 страници

(ВИДЕО) СРЕДБАТА НЕ БЕШЕ НАЈИДЕАЛНА: Зеленски ја коментираше расправијата со Трамп во Овалната соба

ДАНСКИ АВАНТУРИСТ ПОСЕТИ 203 ДРЖАВИ: Подвигот го направи без да користи авион

ИДЕЈА НА РУСИЈА: БРИКС може да создаде алтернатива на Меѓународниот кривичен суд

ИМАЛО 300 ПОТРЕСИ ВО ИСТАНБУЛ: Турците ноќта ја поминаа во паркови, се очекува силен земјотрес

ВЛАСТА ПАЛЕШЕ ЗАПЛЕНЕТ КАНАБИС, А 25 ИЛЈАДИ ТУРЦИ НЕСАКАЈЌИ СЕ „НАПУШИЈА“ - вртоглавици и халуцинации кај жителите на Дијарбекир
ШТО МУ ДОНЕСОА СТОТЕ ДЕНА МИНАТИ ВО БЕЛАТА КУЌА НА ТРАМП? Стана најнепопуларен американски претседател
