САКА ДА УЧЕСТВУВА: Иванов прифаќа лидерска средба со Заев закажана за утре
Објавено во: Македонија 18 Мај, 2018 19:50
Македонскиот претседател Ѓорге Иванов потврди дека ќе учествува на утрешната лидерска средба што ја организира премиерот Зоран Заев. Ова беше соопштено од кабинетот на претседателот.
– Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов, имајќи ги предвид важноста на прашањето за името и државните интереси на Република Македонија, ја прифаќа поканата за информативна средба, иницирана од Зоран Заев, претседател на Владата на Република Македонија, закажана за утре, 19 мај 2018 година – соопшти кабинетот на Иванов.
Иванов на утрешната средба очекува да биде информиран за суштината и за деталите од разговорите во процесот за надминување на разликата околу името – се додава во соопштението.
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Министерката за финансии негира затворање на Трезорот
Нема да се издаваат изводи, венчаници и други потврди - ќе има штрајк во Управата за водење на матични книги
Овој град од соседството е гастрономски рај со евтини цени: Еве каде Македонците јадат како локалци, а плаќаат помалку
Од фирма од Битола до невладина од Скопје: кој стои зад „Зимзоленд“
Апелација ја зголеми казната затвор за Васил Јованов на 13 години
Кривичен суд: Kaтица Јанева осум месеци на условен отпуст
Пријава против поранешниот градоначалник на Демир Капија за контаминирање вода за пиење




