07 Октомври, 2024
0.0239

„Самит 100“: Иванов бара неодложување на преговорите

Објавено во: Балкан, Економија 01 Јуни, 2015

Добивај вести на Viber

Смитот 100 на лидери во Порторож започна со билатерални состаноци на претседателите од земјите во регионот, кои во текот на денот ќе разговараат за унапредување на регионална соработка во сите области.

Овогодишниот домаќин на собирот, претседателот на Словенија Борут Пахор започна низа билатерални состаноци со шефицата на Хрватска Колинда Грабар Китаровиќ.

На средбите со словенечкиот и хрватскиот претседател Иванов разменил мислења и информации за повеќе актуелни теми од заемен интерес.

Тој ги информирал претседателите на Република Хрватска и Република Словенија за актуелната политичко-безбедносна состојба во Република Македонија. Oценувајќи дека политичката криза и бојкотот на институциите трае предолго, македонскиот претседател ја нагласи потребата и очекувањето политичките лидери преку политички дијалог најитно што може да дојдат до решение кое ќе биде во интерес на граѓаните и евроатланската интеграција на земјата.

Најзначајно е, истакна претседателот Иванов, нормализирање на политичкиот дијалог и решавање на ситепредизвици во рамки на институциите и согласно Уставот и законите. Од друга страна деблокадата на евроинтегративните и евроатланските процеси на Република Македонија кои во голема мера имаат влијание на актуелните состојби, може само позитивно да се одрази во целиот регион. Во тој контекст македонскиот претседател изрази очекување дека Република Словенија, Република Хрватска како и земјите од Брдо Бриони Процесот ќе дадат силна поддршка за неодложен почеток на пристапните преговори со Република Македонија, како и поддршка за прием на земјата во НАТО, согласно пресудата на МСП и Времената спогодба.

Претседателите Пахор и Китаровиќ на средбата истакнаа дека позицијата на Република Словенија и на Република Хрватска во однос на Република Македонија е јасна и константна, изразена како безусловна, континуирана и принципиелна поддршка за ЕУ и НАТО интегративните процеси, со нагласена подготвеност за пренесување на своето искуство на овој план.‎ На средбата беше реафирмиран заемниот интерес за натамошно унапредување на економската соработка, зголемување на трговската размена, привлекување словенечки и хрватски инвестиции во Република Македонија како и за разгледување можности за заеднички настап на трети пазари.‎ Воедно беше разговарано и за престојниот самит на Брдо Бриони Процесот во Црна Гора, како и за состојбите во регионот на Југоисточна Европа.

Црногорскиот претседател Филип Вујановиќ оценил дека сите држави, кога се економски силни и развиени, воедно и стабилни, поради што е важна соработката на земјите во регионот, истакнал дека собирот во Порторож е исклучитело важен , бидејќи е посветен на соработката на бизнис и политичките лидери, со што има своја посебна вредност и значење.

Претседавајќи со Претседништво на БиХ Младен Иваниќ исто така го истакнува значењето на самитот. Вели дека регионалната соработка може да допринесе за забрзување на развојот а со тоа и стабилноста на регионот. Тој во изјава за Танјуг рекол дека пресудно за решение на политичките проблеми на тие земји е да има економски развој.

Првиот Самит 100 е организиран во 2011 година во Србија, вториот во Црна Гора, третиот во Хрватска, а сите досега одржани собири за покровители имале претседатели на земјите домаќини.

Смитот 100 на бизнис лидерите е иницијатива која во 2011 година ја покренаа Српската асоцијација на менаџери, Хрватската задруга на работодавачи и Здружението манагерјев Словенија, а набрзо на поддршката се приклучила и Атлас Фондацијата од Црна Гора.

Можеби ќе ве интересира

ВО БОСНА ИЗВЛЕКОА ДЕТЕ ЖИВО И ЗДРАВО ОД ПОД ПЛОЧА ТЕШКА ДВА ТОНА, по исчезнатите трага и кучето Зара

ВО БОСНА ИЗВЛЕКОА ДЕТЕ ЖИВО И ЗДРАВО ОД ПОД ПЛОЧА ТЕШКА ДВА ТОНА, по исчезнатите трага и кучето Зара

ПРЕТСТАВЕН НОВИОТ АВИОН НА ЕР СРБИЈА: Ги носи боите и ознаките на EXPO 2027 и голема порака до светот

ПРЕТСТАВЕН НОВИОТ АВИОН НА ЕР СРБИЈА: Ги носи боите и ознаките на EXPO 2027 и голема порака до светот

БАЛКАНОТ БРОИ И ЖРТВИ И МАТЕРИЈАЛНИ ШТЕТИ ОД КАТАСТРОФАЛНИТЕ ПОПЛАВИ: Три дена жалост во Босна

БАЛКАНОТ БРОИ И ЖРТВИ И МАТЕРИЈАЛНИ ШТЕТИ ОД КАТАСТРОФАЛНИТЕ ПОПЛАВИ: Три дена жалост во Босна

ЕДЕН ПОВИК ЗА ПОМОШ ЗА ПОПЛАВЕНИТЕ ВО БИХ: Отворени телефонски линии

ЕДЕН ПОВИК ЗА ПОМОШ ЗА ПОПЛАВЕНИТЕ ВО БИХ: Отворени телефонски линии

СО ГОЛИ РАЦЕ КОПААТ ПО УРНАТИНИТЕ ВО БОСАНСКА ЈАБЛАНИЦА: Новинарката Дамира Ибрановиќ со детали за Фактор

СО ГОЛИ РАЦЕ КОПААТ ПО УРНАТИНИТЕ ВО БОСАНСКА ЈАБЛАНИЦА: Новинарката Дамира Ибрановиќ со детали за Фактор

АПОКАЛИПСА, ПОВЕЌЕ ОД 20 ЛУЃЕ ЗАГИНАА ВО БИХ: Деканот на ПМФ ја открива вистинската причина за катастрофата во Јабланица

АПОКАЛИПСА, ПОВЕЌЕ ОД 20 ЛУЃЕ ЗАГИНАА ВО БИХ: Деканот на ПМФ ја открива вистинската причина за катастрофата во Јабланица

(ВИДЕО) БОСАНСКИ СПАСУВАЧ Е ПОТРЕСЕН: Раскажа како спасиле дете чии родители починале на лице место

(ВИДЕО) БОСАНСКИ СПАСУВАЧ Е ПОТРЕСЕН: Раскажа како спасиле дете чии родители починале на лице место

ПОПЛАВИ ЈА ЗАФАТИЈА И АЛБАНИЈА: Во Тирана улиците се под вода, има паднати дрвја

ПОПЛАВИ ЈА ЗАФАТИЈА И АЛБАНИЈА: Во Тирана улиците се под вода, има паднати дрвја

(ВИДЕО) БОСАНЕЦ ГО ЗАГУБИ СИНОТ ВО ПОПЛАВИТЕ: Раскажа што се случило во рок од 15 минути

(ВИДЕО) БОСАНЕЦ ГО ЗАГУБИ СИНОТ ВО ПОПЛАВИТЕ: Раскажа што се случило во рок од 15 минути