16 Декември, 2025
0.1346

Самит100 – најголем собир на деловни лидери на Југоисточна Европа

Објавено во: Мои пари 30 Јуни, 2014 13:48

Добивај вести на Viber

На деловниот собир Самит100 на бизнис лидерите на Југоисточна Европа, трета заедничка средба на истакнати претприемачи и стопанственици од земјите на Југоисточна Европа, и на делегации на државите од целиот регион, ќе продолжат разговорите за можностите  за соработка во јакнењето на конкурентноста на националните економии на земјите, но и за конкурентскиот потенцијал на целиот југоисток на Европа.

Овогодишниот Самит100 ќе се одржи на 14. и 15. Јули во Цавтат, во Хрватска, a главната тема на собирот ќе биде подобрувањето на економските прилики и регионалната соработка преку препознавањето на потенцијалите во областа на туризмот, на транспортот и на логистиката, на храната и пијалаците, на ICT и на услугите, како и на фармацијата и на енергетиката.

Организатори на Самит100 се Хрватското здружение на работодавaчи (ХУП), Фондацијата Атлас, Српската асоцијација на менаџери (САМ) и Здружението Менаџер на Словенија (ЗМС).

На собирот ќе учествуваат стотина водечки деловни луѓе од Југоисточна Европа, коишто на работните маси, групирани според економските сектори, ќе разговараат за препреките и можностите за соработка во регионот. Предлозите како да се унапреди соработката во регионот во одделни сектори ќе бидат претставени на пленарниот панел на делегациите на државите на Југоисточна Европа: Албанија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Косово, Македонија, Црна Гора, Словенија и Србија, чиешто доаѓање на Самит100 е најавено за 14-ти јули. На вториот ден од собирот ќе се зборува  за привлекувањето глобални инвеститори во регионот, при што своите искуства ќе ги изнесат некои од најголемите инвеститори во земјите на Југоисточна Европа, додека за тоа како да се дојде до изворите на финансирање на деловни проекти на завршниот панел ќе зборуваат клучните менаџери на водечките банки во регионот.

„Една од главните цели на овогодишниот Самит100 е создавањето нови прилики за соработка и зацврстување на темелите за реализација на заеднички деловни интереси во седум стопански сектори со најголеми развојни потенцијали во регионот. На овогодишниот Самит воедно ќе има прилика да се дознае како успешно се институционализира регионалната соработка без загрозување на суверенитетот и идентитетот на државите според примерот на соработката меѓу нордиските земји“, изјави Дамир Куштрак, претседател на Управниот одбор на Самит100.

Од Македонија во својство на член на управниот одбор на „Самитот100“ ќе учествува и Живко Мукаетов, генерален директор на Алкалоид А.Д.

Самит100 на бизнис лидерите е единствен деловен собир од овој вид во регионот и е замислен како моќна сила на стопанското поврзување и придонес кон напорите на политичките лидери во унапредувањето на односите  и на животот во регионот.

Самит100 сака да бите трајна платформа и место на средба на најистакнатите претприемачи и стопанственици од Албанија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Хрватска, Косово, Македонија, Словенија и Србија, како и на највисоките политички функционери на регионот за заеднички да отворат перспективи за јакнење на конкурентноста на националните економии на земјите, но и конкурентскиот потенцијал на целата Југоисточна Европа.

Самитот100 на бизнис лидерите во регионот до сега е успешно одржан во Србија и Црна Гора, а оваа година се одржува во Хрватска. За краток период Самит100 стана најважното место на средба на деловни и политички лидери на регионот.

Можеби ќе ве интересира

Xiaomi празнични понуди до крајот на декември!

Xiaomi празнични понуди до крајот на декември!

Празници полни со топлина: dm донираше повеќе од 200 пакети со основни прехранбени намирници, дистрибуирани преку хуманитарната организација ,,Свети Спас“

Празници полни со топлина: dm донираше повеќе од 200 пакети со основни прехранбени намирници, дистрибуирани преку хуманитарната организација ,,Свети Спас“

Што открива зелениот плик и зошто е важно да го разберете

Што открива зелениот плик и зошто е важно да го разберете

Пивара Скопје и РФМ потпишаа договор за спонзорство – 45 години партнерство и поддршка за македонскиот ракомет

Пивара Скопје и РФМ потпишаа договор за спонзорство – 45 години партнерство и поддршка за македонскиот ракомет

Волшебно новогодишно одбројување во Дајмонд мол до крајот на декември

Волшебно новогодишно одбројување во Дајмонд мол до крајот на декември

Гевгелија Мол ги отвори вратите – шопинг и забава под еден покрив

Гевгелија Мол ги отвори вратите – шопинг и забава под еден покрив

СЕТЕК РОДЕНДЕН во СИНО – блискост, радост и исполнети желби

СЕТЕК РОДЕНДЕН во СИНО – блискост, радост и исполнети желби

Како да заштедите во сезоната на големи трошоци? Искористете ги бонус поените на Халкбанк

Како да заштедите во сезоната на големи трошоци? Искористете ги бонус поените на Халкбанк

Gold Felicia Тетово – идеална дестинација за корпоративни празнични забави

Gold Felicia Тетово – идеална дестинација за корпоративни празнични забави