Само една компанија лета со „ризичниот“ Боинг во Македонија?
Објавено во: Економија 14 Март, 2019 12:22
Од авиокомпаниите кои оперираат со летови во Македонија единствено само Флај Дубаи во својата флота користи авиони на Боинг 737 MAX 8 737 MAX 9.
Засега единствено е познато дека чартер-лет со ваков тип на авион е откажан од Франкфурт до Скопје, според информации кои ги пренесе германски „Билд“ од тамошен експерт за патнички туризам.
Цивилни воздухопловни власти во Македонија ги прекинаа летовите во нивниот воздушен простор со овој модел уште вчера.
Агенцијата за цивилно воздухопловство најави дека нема да се организираат летови со Боинг 737-MAX 8 и Боинг 737-MAX 9 по истрагата за авионската несреќа во Етиопија во неделата.
"Од денес, стапува на сила забраната за слетување и полетување на авиони Боинг 737- MAX-8 и Боинг 737 MAX 9, како и нивен транзит на небото. Ова е превентивна одлука ", рече портпаролот на агенцијата.
Можеби ќе ве интересира
ВАЛУТАТА ПОТОНА: Се тргуваат 1,3 милиони риали за еден американски долар
Најскапиот град во светот за излегување е во Азија
Сијарто: Унгарија потпиша договор со САД за снабдување со течен природен гас
Каде во Србија пензионерите најчесто купуваат недвижнини?
Објавен e план за решавање на кризата со домувањето во Европа: Ќе бидат потребни два милиони станови годишно
Од 2027 година, ќе биде потребен дигитален пасош за облека за пазарот во ЕУ
Божиновска во Прага: македонскиот електроенергетски систем се усогласува со европските оперативни стандарди
Дурмиши: Јајцата поскапеа поради цените на светските берзи




