16 Јули, 2024
0.0261

„Само Македонија во регионот има црвен праг од фрапантни 44 степени Целзиусови“: Левица бара итна реакција од надлежните

Објавено во: Македонија 16 Јули, 2024

Добивај вести на Viber

Екстремно високите температури и топлотниот бран кој ја зафати Македонија и соседните земји ги поттикнаа пратениците од „Левица“ на едно поинакво барање. 

Тие аламираат дека „само Македонија од земјите во регионот има високи прагови на црвени аларми кога станува збор за опасноста од екстремните временски услови. Имено, црвениот праг според постоечките правилници е на фрапантни 44 степени Целзиусови, а Институтот за јавно здравје најавува зголемување и на тој праг!“, напишаа во нивното соопштение испратено до јавноста. 

Посочуваат дека според изјави на проф. д-р Михаил Кочубовски од Институтот за јавно здравје во неколку наврати ја залажува јавноста дека црвениот праг од 44 степени Целзиусови е во нормални граници и притоа нагласуваат дека тоа е многу погрешно.

- Ваквиот скандалозен став само потврдува дека властите воопшто не се грижат за здравјето на обичниот народ.

Кочубовски ѝ стана познат на јавноста уште во поставата на Министерството кога на чело беше Тодоров, откако изби скандалот дека водата во Дојранско Езеро е загадена и дека се забранува за капење. Кочубовски тогаш излезе во јавноста да ја брани тогашната Влада на ДПМНЕ, тврдејќи дека постои нов правилник, според кој водата воопшто не е загадена, туку има одличен квалитет и може слободно да се користи - напиша „Левица“. 
Тие додаваат дека „и​​​стото залажување на јавноста го гледаме и сега, кога се потребни реални решенија за заштита на ранливите категории и хроничните болни, а Владата преку Кочубовски ги изложува на ризик работниците, хроничните болни и децата, само за да го заштити интересот на газдите“.

- Левица алармира дека постоечкиот праг од 44 степени Целзиусови за издавање на црвен аларм е премногу висок и не го рефлектира вистинскиот ризик по здравјето на населението. Институтот ИТНО треба да го ревидира и прилагоди прагот за алармирање, земајќи ги предвид најновите научни сознанија и препораки од меѓународните здравствени организации! - нагласуваат од партијата. 

Притоа посочуваат дека „Владата треба ИТНО:
- да воведе флексибилно и скратено работно време за работниците;
- да иницира ослободување од работа на хронично болните и онколошките пациенти;
- да организира информативни кампањи и обуки за заштита од топлина;
- да спроведе засилени инспекции и санкции за непочитување на мерките;

- да обезбеди дополнителна грижа и помош за старите лица, болните и другите ранливи групи преку мобилни здравствени тимови и климатизирани јавни простори сè со цел да се заштити здравјето и благосостојбата на сите граѓани!“

Еве ја нивната објава на Фејсбук:



Можеби ќе ве интересира

Демант на ЈП Комунална хигиена Скопје - Комуналниот отпад во општина Центар се собира редовно

Демант на ЈП Комунална хигиена Скопје - Комуналниот отпад во општина Центар се собира редовно

ТАРАВАРИ И МЕМЕДИ ЗА ТРИМЕСЕЧНОТО БЕБЕ: „Родителите и медицинската сестра си подале рака на помирување“

ТАРАВАРИ И МЕМЕДИ ЗА ТРИМЕСЕЧНОТО БЕБЕ: „Родителите и медицинската сестра си подале рака на помирување“

Обвинение за петмина наркодилери од Грчец, двајца биле задолжени за убивање

Обвинение за петмина наркодилери од Грчец, двајца биле задолжени за убивање

СДСМ: Пет нерасчистени убиства под владеење на Тошковски

СДСМ: Пет нерасчистени убиства под владеење на Тошковски

„Изводот ни го дадоа со погрешни податоци“: Ребека револтирана од „организираноста на институциите“ сподели видео од гужвите

„Изводот ни го дадоа со погрешни податоци“: Ребека револтирана од „организираноста на институциите“ сподели видео од гужвите

„КОГА АКАДЕМИК КАМБОВСКИ ЌЕ КАЖЕ ДЕКА ИМАМЕ ОДЛИЧНА ДИСЕРТАЦИЈА...“ - погледнете како Фатиме Фетаи го одбрани својот труд

„КОГА АКАДЕМИК КАМБОВСКИ ЌЕ КАЖЕ ДЕКА ИМАМЕ ОДЛИЧНА ДИСЕРТАЦИЈА...“ - погледнете како Фатиме Фетаи го одбрани својот труд

РЕЗУЛТАТИ ОД МАМОГРАФИЈА СЕ ЧЕКААТ СО МЕСЕЦИ, НЕМА РАДИОЛОЗИ ДА ГИ ПРОЧИТААТ: Пациентките од Велес се жалат

РЕЗУЛТАТИ ОД МАМОГРАФИЈА СЕ ЧЕКААТ СО МЕСЕЦИ, НЕМА РАДИОЛОЗИ ДА ГИ ПРОЧИТААТ: Пациентките од Велес се жалат

ЦАРИНА ЗАПЛЕНИ СКОРО 8 ИЛЈАДИ ЕВРА НА ГРАНИЦА: еве колку пари смеете да изнесете надвор од земјaта

ЦАРИНА ЗАПЛЕНИ СКОРО 8 ИЛЈАДИ ЕВРА НА ГРАНИЦА: еве колку пари смеете да изнесете надвор од земјaта

ДОКТОРИ И МЕДИЦИНСКИ СЕСТРИ НА ХИРУРГИЈА ОТВОРААТ ВРАТА САМО АКО УМИРА НЕКОЈ: На младата Александра не и укажале помош зошто имала само повреден прст

ДОКТОРИ И МЕДИЦИНСКИ СЕСТРИ НА ХИРУРГИЈА ОТВОРААТ ВРАТА САМО АКО УМИРА НЕКОЈ: На младата Александра не и укажале помош зошто имала само повреден прст