21 Мај, 2024
0.0341

САМО ЗА ЕДНА НЕДЕЛА РЕГИСТРИРАНИ СЕ 36 РЕИНФЕКЦИИ СО КОВИД: Зголемувањето е дури за 38,5% во однос на претходната недела

Објавено во: Македонија 21 Декември, 2021

Добивај вести на Viber

Во последниот извештај на Институтот за јавно здравје за периодот од 13 до 19 декември се наведува дека се тестирани вкупно 19.943 материјали во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање и антигенско тестирање за присуство на SARS-CoV-2, со зголемување од 8,1% во однос на минатата недела. Регистрирани сe 1.922 нови позитивни случаи од 32 градови во државата со намалување од 8,0% во однос на минатата недела.

Процентот на позитивност се движи од 6,9% до 12,4%, просечно 9,6%. Најголем дел од регистрираните случаи се од Скопје (n=960; 49,9%), со неделна инциденца – 151,4/100.000. Највисока неделна инциденца е регистрирана во Кавадарци 259,6/100.000 (Табела 1, Картограм 1). Картограм 1. Инциденца на 100.000 жители, COVID-19, период 13-19.12.2021, Р.С Македонија Регистрирани се заболени лица во сите возрасни групи.

Најзастапена е возрасната група на лица на возраст над 60 (n=439, 22,8%). Најмал број е регистриран кај возрасната група од 0-9 (n=67; 3,5%). Се забележува намалување на бројот на заболени кај сите возрасни групи. Во однос на дистрибуцијата по пол, пријавени се 1.015 (52,8%) лица од женски и 907 (47,2%) од машки пол.

Со статус „оздравени“ се стекнале 1.963 лица кои биле хоспитализирани или на домашно лекување. Во текот на мината недела вкупно се пријавени 36 реинфекции, со зголемување од 38,5% во однос на претходната недела.

Пријавени се 66 смртни случаи во 22 градови во текот на изминатата недела. Бројот на починати е непроменет во однос на претходната недела. Најголем дел од нив се од Скопје (19). Во однос на возраста, најголем број (n=53; 80,3%) од починатите припаѓаат на возрасната група над 60 години, а регистрирани се починати лица и кај возрасната група од 50-59 години (10), 40-49 години (2) и 30-39 години (1).


Можеби ќе ве интересира

ПЕТАР НИКОЛОВСКИ: Да се подаде рака на сите кои биле дел од СДСМ, бидејќи СДСМ не припаѓа на никого

ПЕТАР НИКОЛОВСКИ: Да се подаде рака на сите кои биле дел од СДСМ, бидејќи СДСМ не припаѓа на никого

ПРОМЕНИ НА НАСЕЛЕНИЕТО ВО ЕВРОПА: Македонија со „црн“ рекорд

ПРОМЕНИ НА НАСЕЛЕНИЕТО ВО ЕВРОПА: Македонија со „црн“ рекорд

ПАЛЕВСКИ ОСТАНУВА ВО ПРИТВОР УШТЕ 30 ДЕНА: Постои опасност од бегство, влијание врз сведоци или да го повтори делото

ПАЛЕВСКИ ОСТАНУВА ВО ПРИТВОР УШТЕ 30 ДЕНА: Постои опасност од бегство, влијание врз сведоци или да го повтори делото

ЗА ИЏЕТ МЕМЕТИ: Обвинителството бара мерки на претпазливост и одземање на пасошот

ЗА ИЏЕТ МЕМЕТИ: Обвинителството бара мерки на претпазливост и одземање на пасошот

ИЉАЗИ ЗА БЕЌАРОВСКИ: Времето на докторот од времето на друже Тито помина

ИЉАЗИ ЗА БЕЌАРОВСКИ: Времето на докторот од времето на друже Тито помина

ПАЛЕВСКИ: Не сум ги сторил убиствата, имам докази

ПАЛЕВСКИ: Не сум ги сторил убиствата, имам докази

МАРИНАКИС: Нема ратификација на Меморандумите од Преспа во сегашната ситуација

МАРИНАКИС: Нема ратификација на Меморандумите од Преспа во сегашната ситуација

КАТИМЕРИНИ: Атина ќе почека владата на Северна Македонија да положи заклетва пред да одлучи за дејствијата што ќе ги преземе

КАТИМЕРИНИ: Атина ќе почека владата на Северна Македонија да положи заклетва пред да одлучи за дејствијата што ќе ги преземе

ВМРО-ДПМНЕ ги подигна 58-те пратенички мандати

ВМРО-ДПМНЕ ги подигна 58-те пратенички мандати