17 Декември, 2025
0.0552

Самоубиство или атентат – верзиите кои се дискутираат во Франција за авиоинската несрека

Објавено во: Свет 26 Март, 2015 12:27

Добивај вести на Viber

Од утрово во Франција се дискутираат две главни верзии за несреќата на авионот на „Germanwings“ - самоубиство или терористички акт на еден од пилотите. Ова се случи откако денес излезе информацијата дека помошник-пилотот останал да управува со авионот сам, бидејќи капитенот бил надвор од кабината, без да може да влезе во неа.

Новите откритија ја заплеткуваат мистеријата околу трагедијата на француските Алпи. „New Your Times“, повикувајќи се на извори од истрагата, денес соопшти дека пилотот на урнатиот авион бил надвор од кабината за време на несреќата и не можел да влезе во неа. Превозникот „Germanwings“ засега се воздржува од коментар, но прецизира дека вториот пилот имал само 630 часови лет.

APTOPIX France Plane Crash

Според аудио снимките пилотот тропнал неколку пати на вратата на кабината, а потоа се обидел да ја скрши, пишува американското издание.

Повеќе појаснувања за шпекулациите за отсуството на првиот пилот од кабината се очекува да бидат дадени подоцна од француското обвинителство.

Утрово спасувачките екипи ја обновија својата работа високо во планината. Со нив има и лекари, кои заедно со најблиските ќе им помагаат за препознавање на телата.

airbus

„Мора да бидеме многу внимателни со сета почит кон се што роднините сакаат, за да не ги повредиме нивните чувства. Ќе направиме се така што да бидат исполнети сите нивни желби во однос на загинатите нивни блиски ронини и пријатели“, изјавил шефот на екипата спасувачи Хаиме Хил.

airbus 3

Поради тешкиот терен тие се потпомогнати од специјализирани предели делови на полицијата. Тимовите продолжуваат да трагаат по остатоците од телата, за да бидат идентификувани.

Можеби ќе ве интересира

Лавров: Америка ни вети украинска територија

Лавров: Америка ни вети украинска територија

Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва

Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва

Европска земја ќе произведува десетици илјади дронови годишно за Украина

Европска земја ќе произведува десетици илјади дронови годишно за Украина

(ВИДЕО) Силен ветер урна позната статуа во Бразил

(ВИДЕО) Силен ветер урна позната статуа во Бразил

Ова ја вознемири Русија: Ги прашувал учениците за националноста, па ги избодел

Ова ја вознемири Русија: Ги прашувал учениците за националноста, па ги избодел

Австралискиот премиер го посети во болница херојот на Бонди: Ахмед ал-Ахмед e „најдоброто од нашата земја“

Австралискиот премиер го посети во болница херојот на Бонди: Ахмед ал-Ахмед e „најдоброто од нашата земја“

САД даваат безбедносни гаранции за Украина, но нема договор за територијални отстапки

САД даваат безбедносни гаранции за Украина, но нема договор за територијални отстапки

Украина добива гаранции од САД слични на Член 5 од НАТО?

Украина добива гаранции од САД слични на Член 5 од НАТО?

(ВИДЕО) Мароко брои жртви, по седум години суша се борат со поплави

(ВИДЕО) Мароко брои жртви, по седум години суша се борат со поплави