16 Декември, 2025
0.0658

Samsung и Philips фатени на дело!

Објавено во: Мои пари 04 Септември, 2014 07:27

Добивај вести на Viber

Samsung Electronics Co, Royal Philips NV и Infineon Technologies AG беа казнети со вкупно 138 милиони евра од страна на Европската унија (ЕУ) за одредување на цените на чиповите кои се користат во мобилните телефони и банкарските картички. Јужнокорејскиот гигант Samsung - најголемиот производител на паметни телефони во светот, ќе треба да плати 35,1 милиони евра. Казните за холандската компанија Philips и германската Infineon се соодветни 20,1 милиони евра и 82,8 милиони евра. Казните го следат неуспехот на преговорите за постигнување договор со судските власти. Претходно оваа година европските органи воведоа санкции во износ од 1,44 милијарди евра за фиксирање на цените во рамките на ЕУ. Хоакин Алмунија, комесар за конкуренција на ЕУ, би требало да донесе одлука за казната за Philips до 9 септември, за да биде испочитуван 10-годишниот рок за наметнување на санкции за прекршување на антимонополските прописи. Renesas Technology ќе избегне казна oд ЕУ, бидејќи компанијата помогнала за откривање на картелниот договор. Компаниите се договориле преку билатерални контакти, кои се одржале во периодот помеѓу септември 2003 и септември 2005 година, велат од Европската комисија. Тие разменувале важни трговска информации за цените, клиентите, производствениот капацитет и нивното идно пазарно однесување. Philips одби да ја коментира одлуката, како што направија и Samsung и Infineon. Infineon и Samsung се меѓу деветте производители на чипови кои се согласија да платат вкупно 331 милиони евра пред четири години поради обвинувањата за вонпазарно одредување на цените за DRAM. Intel - најголемиот производител на чипови во светот, засега го држи рекордот за најголема казна во износ од 1,06 милијарди евра во 2009 година за вонпазарни дејствија спрема нејзиниот ривал Advanced Micro Devices Inc. К.К.

Можеби ќе ве интересира

Пивара Скопје и РФМ потпишаа договор за спонзорство – 45 години партнерство и поддршка за македонскиот ракомет

Пивара Скопје и РФМ потпишаа договор за спонзорство – 45 години партнерство и поддршка за македонскиот ракомет

Волшебно новогодишно одбројување во Дајмонд мол до крајот на декември

Волшебно новогодишно одбројување во Дајмонд мол до крајот на декември

Гевгелија Мол ги отвори вратите – шопинг и забава под еден покрив

Гевгелија Мол ги отвори вратите – шопинг и забава под еден покрив

СЕТЕК РОДЕНДЕН во СИНО – блискост, радост и исполнети желби

СЕТЕК РОДЕНДЕН во СИНО – блискост, радост и исполнети желби

Како да заштедите во сезоната на големи трошоци? Искористете ги бонус поените на Халкбанк

Како да заштедите во сезоната на големи трошоци? Искористете ги бонус поените на Халкбанк

Gold Felicia Тетово – идеална дестинација за корпоративни празнични забави

Gold Felicia Тетово – идеална дестинација за корпоративни празнични забави

ВИДЕОЛОТАРИЈА ЈА РЕАЛИЗИРАШЕ ТРАДИЦИОНАЛНАТА 25 КРВОДАРИТЕЛНА АКЦИЈА

ВИДЕОЛОТАРИЈА ЈА РЕАЛИЗИРАШЕ ТРАДИЦИОНАЛНАТА 25 КРВОДАРИТЕЛНА АКЦИЈА

Еден чекор ве дели од длабинска хидратација – откријте ја тајната на совршената кожа!

Еден чекор ве дели од длабинска хидратација – откријте ја тајната на совршената кожа!

Штефан Павлињек во „бизнис-клуб плус“: „Вработувањето на младите по завршувањето на нивното образование е можност да се спречи нивното иселување“

Штефан Павлињек во „бизнис-клуб плус“: „Вработувањето на младите по завршувањето на нивното образование е можност да се спречи нивното иселување“