Samsung може да претрпи загуби од 17 милијарди долари поради Note 7
Објавено во: Мои пари 11 Октомври, 2016 13:47
Најлошото повлекување на производ во историјата на Samsung Electronics може да ја чини компанијата 17 милијарди долари. Компанијата ја запре продажбата на Galaxy Note 7 по втор пат, а потоа и негово производство, што значи скоро сигурен крај на луксузниот модел, коментира Ројтерс.
Samsung најави повлекување на 2,5 милиони смартфони Note 7 во почетокот на септември, по повеќе случаи на палење на батеријата, а во вторникот кризата се продлабочи. Компанијата им рече на телекомите да запрат со продажбата или замени на уредот за 882 долари и побара од корисниците да ги исклучат своите мобилни телефони, додека се испитуваат извештаите за палење на новата серија Note 7.
Додека една од водечките компании во светот за продажба на смартфони ги чека резултатите од истрагата на американските власти, некои инвеститори и аналитичари предвидуваат дека Samsung може засекогаш да го “погребе“ Note 7 во историјата и да продолжи напред со нови варијанти на моделот, за да ја ограничи штетата врз угледот и финансиите.
„Во најлош случај САД може да заклучат дека производот како целина е дефектен и да ја забранат продажбата“ вели Сун Маионг-Саб, аналитичар во HI Investment Securities.
Ако Samsung ја запре целосно продажбата на Note 7, тоа ќе доведе до околу 19 милиони непродадени смартфони или загуби за 17 милијарди долари, а тоа е износот од продажбата, која се очекуваше компанијата да го генерира за време на производниот циклус, укажуваат аналитичари, вклучувајќи ги Credit Suisse. Тоа е сериозен раст во однос на 5-те милијарди долари пропуштена продажба и трошоци за превземање, кои ги предвидуваа првично аналитичарите врз основа на претпоставката дека компанијата ќе закрепне од глобалната продажба на Note 7 во четвртиот квартал. Шансите за тоа изгледаат доста слаби. Повикувајќи се на анонимни извори, јужнокорејскиот весник Hankyoreh соопшти дека Samsung веројатно ќе престане со продажба на Note 7 засекогаш. Компанијата засега не ка коментира веста. „Тоа веројатно го уби брендот Note 7“, вели Едвард Снајдер, управен директор во Charter Equity Research. „До моментов, во кој го корегираат проблемот, тие ќе треба да поминат низ нова сертификација и преквалификација, а кога тоа се случи, ќе се соочат со сопственото претставување на Galaxy S8“. За Samsung, чија пазарна капитализација е 235 милијарди долари и има 69 милијарди долари во пари и парични еквиваленти на крајот на јуни, загубата од продажбата на еден модел може да биде прифатена. Поголем проблем е долгорочното влијание врз угледот и брендот, велат аналитичарите и експертите. „Сметаме дека инцидентот со Note 7 може да им наштети на пребарувањата на други модели смартфони на Samsung“, велат аналитичарите од Nomura во свој коментар, додавајќи дека може да се случи да се намалат оценките за профитот на единицата на Samsung за смартфони за четвртиот квартал со 85%.
Можеби ќе ве интересира
Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција
Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час
Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете
Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии
„AI Bubble or AI Double“ – инвестиции, ризици и можности во ерата на вештачката интелигенција
MINT Ins донира училишен прибор за учениците во ОУ „Елпида Караманди“
МЛАДАТА УМЕТНИЧКА ОЛИМПИЈА КАМЧЕВА-СТОЈЧЕСКА ДОБИТНИК НА ПРЕСТИЖНАТА НАГРАДА SANTIPHARMA AWARD ВО ВЕНЕЦИЈА




