28 Ноември, 2024
0.2738

Сарачини: Измените за минерални суровини се направени на барање на бизнис заедницата

Објавено во: Економија 16 Мај, 2013

Добивај вести на Viber

Измените на Законот за минерални суровини се направени на барање на бизнис заедницата. Пред една недела тие побараа измени на законот и дел од нив се вметнати во нацрт верзијата, изјави денеска министерот за економија Ваљон Сарачини во врска со барањето на Македонската асоцијација на рударство наместо измени да се донесе сосема нов закон.

- Морам да потенцирам дека и минатите измени и дополнувања на Законот за минерални суровини беа донесени на барање на концесионерите и бизнисмените. Имавме неколку јавни дебати и откога се усогласивме со бизнис заедницата, законот беше пуштен во владина процедура и потоа беше изгласан во Собранието. Бизнисмените кои сега бараат нов закон, беа присутни на јавната дебата во Собранието и самите го пофалија законот како еден од најдобрите. Како резултат на тие измени и дополнувања на законот, скратувањето на процедурите и административните бариери го имаме најголемиот пакет за доделување концесии за детални геолошки истражувања, рече Сарачини, одговарајќи на новинарски прашања.

Според него, не е точно дека во иднина некој би продавал злато по пониска цена од берзанската. Тој појасни дека во законот е предвидено дека државата ќе има првенствено право да го откупува златото при еднакви услови со другите купувачи, при еднаква продажна цена.

- Доколку концесионерот добие од некоја друга компанија понуда со повисока цена од берзанската, слободно може да го продаде златото на таа компанија. Ние не бараме ништо надвор од бизнис логиката, само во услови кога државата ќе побара да го откупи златото бараме да имаме првенствено право при еднакви цени на златото. Значи, бараме да го откупиме златото по берзански цени, потенцира Сарачини по денешната прес-конференција за доделување концесии за геолошки истражувања на минерални суровини.

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

ВОРЕН БАФЕТ ГО ПРОМЕНИ ТЕСТАМЕНТОТ: „Не сакам да создадам династија“

ВОРЕН БАФЕТ ГО ПРОМЕНИ ТЕСТАМЕНТОТ: „Не сакам да создадам династија“

ГЕРМАНИЈА НАЈАВИ КРЕДИТ ОД 24 МИЛИЈАРДИ ЕВРА: Ќе гради транспортна мрежа за водород

ГЕРМАНИЈА НАЈАВИ КРЕДИТ ОД 24 МИЛИЈАРДИ ЕВРА: Ќе гради транспортна мрежа за водород

ЈАПОНСКИОТ АВТОМОБИСКИ БРЕНД ИТНО БАРА ИНВЕСТИТОР, РЕНО ГО НАПУШТА: Мерките за спас е многу болни

ЈАПОНСКИОТ АВТОМОБИСКИ БРЕНД ИТНО БАРА ИНВЕСТИТОР, РЕНО ГО НАПУШТА: Мерките за спас е многу болни

РУСКАТА ЦЕНТРАЛНА БАНКА ГО УТВРДИ КУРСОТ: Колку рубљи се потребни за купување еден долар?

РУСКАТА ЦЕНТРАЛНА БАНКА ГО УТВРДИ КУРСОТ: Колку рубљи се потребни за купување еден долар?

5,2 милиони евра за енергетски реформи – започна имплементацијата на ИПА 3, ЕУ-фондови за одржлива енергија

5,2 милиони евра за енергетски реформи – започна имплементацијата на ИПА 3, ЕУ-фондови за одржлива енергија

Подгответе се за Black Friday во Рамстор Мол и во сите Рамсторе Маркети - Големи попусти и многу забава

Подгответе се за Black Friday во Рамстор Мол и во сите Рамсторе Маркети - Големи попусти и многу забава

МИНИМАЛНА ПЛАТА ОД 450 ЕВРА МЕСЕЧНО - Дурмиши вели дека за тоа се потребни законски измени, ќе се одлучува во декември

МИНИМАЛНА ПЛАТА ОД 450 ЕВРА МЕСЕЧНО - Дурмиши вели дека за тоа се потребни законски измени, ќе се одлучува во декември

ЕСМ бара изведувач за две фотонапонски централи

ЕСМ бара изведувач за две фотонапонски централи

ИНТЕРВЈУ СО ДИРЕКТОРКАТА НА ЗАВОДОТ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ НА СЛОВЕНИЈА: Наша цел е кандидатите да се вработат кај добри работодавци

ИНТЕРВЈУ СО ДИРЕКТОРКАТА НА ЗАВОДОТ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ НА СЛОВЕНИЈА: Наша цел е кандидатите да се вработат кај добри работодавци