14 Мај, 2024
0.0239

Сарачини: Реформите се дел од патот до единствениот европски пазар на енергија

Објавено во: Економија 20 Септември, 2013

Добивај вести на Viber

Реформите во енергетскиот сектор во Македонија продолжуваат со цел  постепено да станеме дел од единствениот пазар на енергија на Европската унија порача министерот за економија Ваљон Сарачини во излагањето на состанокот на министрите за енергетика на Европската унија и на земјите кандидати за членство во Европската унија и земјите од ЕФТА, што се одржа во изминатите два дена во Вилнус, Литванија.

Сарачини ги истакна заложбите на македонската Влада  во енергетиката за воведување европски стандарди во овој сектор, преку хармонизирање на националното законодавство со законодавството на ЕУ, имајќи предвид дека енергетиката претставува столб на економијата на земјата за економски развој и социјална стабилност.

- Во оваа насока се уште се прават реформи во енергетскиот сектор и пазарите на електрична енергија и природен гас, со цел постепено да станат дел од единствениот пазар на енергија на ЕУ. Земјите од регионот се обединети во  енергетска заедница, каде што заедно соработуваат да создадат стабилна регулаторна и пазарна рамка која ќе привлече инвестиции во енергетскиот сектор со што ќе се обезбеди стабилно и континуирано снабдување со енергија, рече Сарачини.

Тој укажа дека во рамки на енергетската политика на Владата посебен акцент се става на обезбедување сигурност во снабдувањето преку поголема диверсификација на изворите. Во таа насока покрај максималното искористување на домашните извори, преку ревитализација на постојните и изградба на нови капацитети, стратешка цел на Република Македонија е да се поврзе со соседните енергетски системи и системите во регионот, наведе министерот Сарачини.

Состанокот на министрите за енергетика е инициран како дел од активностите за реализација на приоритетите на литванското претседателство во енергетиката: контиунирано работење во однос на комплетирање на внатрешниот пазар за енергија на ЕУ во 2014 година, како и зајакнување на надворешната димензија на енергетската политика на унијата. Целта е да се засили европската конкурентност и да се одговори на предизвиците поврзани со високите цени за енергија и трошоци.

На состанокот се дискутираше за потребните мерки кои треба да се преземат за да се комплетира внатрешниот пазар на Европската унија, меѓу кои потребата од зајакнување на регулаторните тела и овозможување конкуренција. Учесниците на состанокот дискутираа за  интеграција на пазарите на енергија на земјите членки на Европската унија, преку физичко поврзување, односно изградба на потребна инфраструктура и мехнизмите за нејзина поддршка. Дебатата се разви во насока на поставување нови цели за 2030 година, со цел намалување на штетните емисии. Во тој сегмент се разгледуваат можности за утврдување нови цели за учество на обновливите извори на енергија, енергетска ефикасност и други мерки и активности.

Според заклучоците од состанокот, комплетирањето на пазарот на енергија треба да продолжи и понатаму преку мерки кои ќе бидат во насока на поттикнување на инвестиции во енергетскиот сектор и заштита на потрошувачите. Упатени се и препораки за поттикнување на потрошувачите активно да учествуваат на пазарот, со можност да управуваат со својата потрошувачка, преку можноста за инсталирање паметни броила.

Можеби ќе ве интересира

НЕ Е САМО БАЛКАНОТ: И Италија ја губи својата работна сила

НЕ Е САМО БАЛКАНОТ: И Италија ја губи својата работна сила

ММФ: Словенија наскоро ќе ја престигне Италија и ќе се доближи до Франција

ММФ: Словенија наскоро ќе ја престигне Италија и ќе се доближи до Франција

НЕМА РАБОТНИЦИ: Уште една земја од соседството ќе „увезува“ Филипинци

НЕМА РАБОТНИЦИ: Уште една земја од соседството ќе „увезува“ Филипинци

РЕКОРДЕРИ ВО ЕУ: Во регионот го пијат најскапото кафе

РЕКОРДЕРИ ВО ЕУ: Во регионот го пијат најскапото кафе

ФАКТОР АНАЛИЗА: ТОП-100 НАЈГОЛЕМИ КОМПАНИИ ПО ДОБИВКА ВО МАКЕДОНИЈА ЗА 2023 : Бехтел и Енка, Магна Мирорс, Протергиа и РЕС на листата

ФАКТОР АНАЛИЗА: ТОП-100 НАЈГОЛЕМИ КОМПАНИИ ПО ДОБИВКА ВО МАКЕДОНИЈА ЗА 2023 : Бехтел и Енка, Магна Мирорс, Протергиа и РЕС на листата

ГОДИНАВА ЕКОНОМСКИОТ РАСТ НЕМА ДА ДОСТИГНЕ НИ 3 ОТСТО - НБМ со најнова намалена прогноза, БДП ќе се зголеми за само 2,6 проценти

ГОДИНАВА ЕКОНОМСКИОТ РАСТ НЕМА ДА ДОСТИГНЕ НИ 3 ОТСТО - НБМ со најнова намалена прогноза, БДП ќе се зголеми за само 2,6 проценти

Изборите завршија, враќање на редовните колосеци - одма, сега и веднаш

Изборите завршија, враќање на редовните колосеци - одма, сега и веднаш

„ДРАСТИЧНИ ПРОМЕНИ НА КРАТОК РОК НЕ СЕ ОЧЕКУВААТ“: еве што велат економистите по промената на власта

„ДРАСТИЧНИ ПРОМЕНИ НА КРАТОК РОК НЕ СЕ ОЧЕКУВААТ“: еве што велат економистите по промената на власта

ОДЛИЧЕН СТАРТ НА НАФТЕНАТА КОМПАНИЈА: „Макпетрол“ за три месеци оствари чист профит од 2,2 милиони евра

ОДЛИЧЕН СТАРТ НА НАФТЕНАТА КОМПАНИЈА: „Макпетрол“ за три месеци оствари чист профит од 2,2 милиони евра